НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА e-banking

Relaterede dokumenter
Oхридска Банка. Упатство за употреба на мобилниот токен

Oхридска Банка. мтокен. Упатство за употреба на мобилниот токен

Дводимензинални низи во с++

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ. Автор: Ирена Кацарски-Ќимова, преведувач, конференциски толкувач и консултант за преведувачки процеси

ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

Резултат? Одличен крем со богата, кремаста текстура и прекрасен мирис на мед.

ЕДНОДИМЕНЗИОНАЛНИ НИЗИ

Комитет на Страните на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба

Ножeви зa. хaртијa. klever.com.mk. офис ризница

АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА ЉУБЉАНСКИ АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА. [Maкедонски] Решаваме спорови од 1928 година

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

3-компонентен малтер во комбинација од цемент и епоксид, само-нивелирачка подна кошулица во дебелина од 1.5 до 3 mm

С О Д Р Ж И Н А. Број 117 Год. LXIII Понеделник, 1 октомври 2007 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Construction. Едно компонентен санационен малтер за фина завршна обработка EN Опис на Производот. Тест 1 1/5. Одобрувања / Стандарди

Број 45 Год. LX Среда, 7 јули 2004 Цена на овој број е 300 денари С О Д Р Ж И Н А 879.

740. ЗАКОН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕТО (пречистен текст) I. Законски наследници. Среда, 15 септември 1965 БЕЛГРАД

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ИСХРАНАТА НА РАСТЕНИЈАТА. насока: Лозарство и винарство

РЕХАУ собен регулатор Nea Привлечен дизајн со лесно ракување MK. Градежништво Автоиндустрија Индустрија

Деловни простории во КОЧАНИ на ул.гоце локал 1-16m ,00 Делчев, КП-9720, ИЛ-13755, КО Кочани, зграда-1, локал-2-21м2 влез-05, кат

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ STOJANOVIĆ ПРОТИВ ХРВАТСКА. (Жалба бр /09 ПРЕСУДА

БИЛТЕН NEWSLETTER - БИЛТЕН - GAZETA ВО ОВОЈ БРОЈ ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО БРОЈ 3 ЈУЛИ 2014.

СПАРК ПРИРАЧНИК НА СОПСТВЕНИКОТ

FM/MW/LW CD ПЛЕЕР CDX-GT (1) Упатство за употреба. За откажување на демонстрацијата (DEMO) на екранот, видете на стр. 12.

КОНКУРС. За запишување студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2015/2016 година

Кватернарна превенција. Маг. д-р по мед. Џејми Кореиа де Соуса, Центар за семејна медицина Медицински Факултет Скопје

За адекватна примена на Правилникот и Критериумите во здравствениот систем на Република Македонија, треба да се земат предвид следниве елементи:

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

674. Член 6. (2) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата

гласило на НАЦИОНАЛНИОТ сојуз на ЛИЦА СО телесен инвалидитет на македонија

Нова револуција во перењето. Машини за перење и за сушење алишта

дури тогаш кога ќе погледнеме наназад.

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ГОЛЕМ СОВЕТ. СЛУЧАЈ GAFGEN ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА (пријава бр /05)

ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС. Античкиот град Хераклеа Линкестис се наоѓа во непосредна близина на Битола, од неговата јужна страна.

Одлуки на Основниот Суд Скопје ПРЕСУДА I К.бр.297/07 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 61 год. LXVII 29 април 2011, петок Цената на овој број е 450 денари.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. "Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

К Р И Т Е Р И У М И. Боледување до 7 дена

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА У К А З бр. 16 од година УКАЗ бр УКАЗ бр. 15

80. ЗАКЛУЧОЦИ. Врз основа на член 285 став 1 точка 1 од Уставот на СФРЈ и член 136 ст. 2 и 3 од Деловникот на Собранието

Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите

ПРОТОКОЛ ЗА УСЛУГИ ВО МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО ИТНИ И КРИЗНИ СОСТОЈБИ И КАТАСТРОФИ ВО ТРАНЗИТНИТЕ ЦЕНТРИ

Тип 2 дијабетес. Справување со тип 2 дијабетес. NICE клинички упатства 87 guidance.nice.org.uk/cg87. Прилог

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦА ОД ЕКСПРЕСЕН ПАТ A1: МОСТ НА РЕКА РАЕЦ КЛУЧКА ДРЕНОВО НЕ-ТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ МАЈ, 2014

С О Д Р Ж И Н А. Стр Закон за изменување на Законот за јавните патишта Стр.

Kонтрола на квалитет на ПET радиофармацевтици. Асс. м-р Катарина Смилков Факултет за медицински науки, оддел Фармација Универзитет Гоце Делчев - Штип

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN:

СОДРЖИНА. Број 9 20 јануари 2012, петок година LXVIII. Стр.

Подготвиле: Проф. Др. Душко Мукаетов Проф. Др. Димов Зоран Проф. Крум Бошков Инж. Емилија Попоска. Скопје, ноември, 2013 год.

Да ја заштитиме природата

АНТИЧКИОТ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР НУМЕНИЈ И ДВА НЕГОВИ РЕЦЕПТИ ЗА ЛЕКОВИ

Нова LIN. Елегантен ДИЗАЈН, динамична

"Сите Ваши соништа можат да се остварат - само ако имате храброст да посегнете по нив" Волт Дизни

162. Петок, 11 март 1977 БЕЛГРАД

БРОЈ 84, ДЕКЕМВРИ

III Масовна рекреативна средба на лица со телесен инвалидитет број 80, ЈУНИ 2014

ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ 13 септември 29 септември октомври 2017

Ѓорги Поп-Атанасов МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА

Програмите се две почетната деветдневна Clean 9, за време на која организмот се ослободува од натрупаните

СТУДИЈА ЗА ОРНИТОЛОШКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПОДРАЧЈЕТО ДОЛНА БРЕГАЛНИЦА

БЕОГРАДСКА ПОСЛОВНА ШКОЛА ВИСОКА ШКОЛА СТРУКОВНИХ СТУДИЈА

Rabotno vreme: od ponedelnik do petok od 7 do 20 ~asot sabota od 8 do 15 ~asot

Стратегија ДЕ. Др Дејан Тошић, ванр. професор Електротехничког факултета Универзитета у Београду

АКЦИОНАРСКО ДРУШТВО ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ ПУТНИКА СРБИЈА ВОЗ Београд, Немањина 6

O D L U K A. Za rasporeduvawe na neto dobivkata ostvarena po Godi{nata smetka i finansiskite izve{tai za 2017 god. ^l. 1. ^l. 2

MK твојот AVON Претставник Овде сум за да споделувам и да ти бидам водич. Ти треба совет за убавина или мода? WWW

Решенија на задачите за I година РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 април 2010 I година

Австрија. Ав стрија е земја со нај мала невработеност во Евро па. На скии може да поминете над километри

BILAG. knyttet til forslaget til

ПРАВИЛА ШИФРИРАЊА У ИНФЕКТОЛОГИЈИ

Opel Zafira Tourer. Innovation. Edition. 5 врати. Мотор Менувач без ДДВ. бензин. Innovation. Edition. 5 врати. Дизел. 1.4 Turbo ECOTEC

X + Y = ПЕ СМА ИЛИ МО ЈЕ ОСЕ ЋА ЊЕ СВЕ ТА. 1 У К У Т И Ј И РЕ Н Е СА Н СЕ М И РО ЉУ БА

Rådet for Den Europæiske Union Bruxelles, den 17. april 2015 (OR. en)

R4224JPCPR. Изјава о својствима. [CompanyGraphic]

а) Нацртај неколико дужи и обележи их. б) Уочи дужи приказане на слици 60.

Х У БЕ РО ВЕ. (II део) 14.

"БУКОВИЧКД БД~t Д АНЪЕЛ ONOI

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Ус т а в н и суд. М и н и с т а р с т в а. Ло ка л н а с а моу п р а в а. Београд, 6. јануар 2014.

У В Е Р Е Њ Е О ОДОБРЕЊУ ТИПА МЕРИЛА

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА 2 ИНТЕГРИСАНЕ АКАДЕМСКЕ СТУДИЈE ФАРМАЦИЈЕ ЧЕТВРТА ГОДИНА СТУДИЈА

Подаци катастра непокретности 1. Подаци о парцели :38:32 Није службена исправа

Жеремију и Ани, мојим учитељима Р. Б. Ани, мојој првој читатељки, чије су ми примедбе много помогле Б. К.-П.

СВЕЧАНО УРУЧЕЊЕ НАГРАДА У МАТИЦИ СРПСКОЈ

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ДО П РИ НОС Д Е Ј ВИ Д А Х А Р ВИ ЈА

МА ТЕ МА ТИЧ КА ПИ СМЕ НОСТ

ОБЈ ЕК Т И ВИ ЗО ВА ЊЕ МО РА Л Н Е Ш Т Е Т Е

Тривијални имиоа на некпи хетерпциклични спединенија. хинплин пирпл пиридин индпл фуран

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Београд, 31. децембар Година LXX број 147. Цена овог броја је 401 динар Годишња претплата је 36.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Упутство за рад Контролна централа за детекцију гаса ExTox Серије ET-8 и ET-4D2 - Кратка варијанта -

Ју би леј. Ју би леј 240-го ди шњи це до се ља вања. Равње добило нову амбуланту. У Инђији отворена деоница пута Р-109

СА ВЕ СНИ УЧЕ НИ ЦИ: УСПЕ ШНИ ЈИ У ШКО ЛИ, АЛИ НЕ И СРЕЋ НИ ЈИ ЗБОГ ТО ГА *

2/20/2018. е по тој оп те п ће де ј е т к под ут (по ђе ) у у к пл т.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА ЈДГ 8 МАРТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2014/2015г.

Eksamen i anvendt dansk 3 5. årgang 14. februar 2007 Del 1/4 (1 time ingen ordbøger) navn: nr.: 1 Substantiver

Copyright Дејан Лучић, 1994 Copyright 2011 за ово издање, ЛАГУНА

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА у поступку јавне набавке мале вредности добара -Препарати за подмазивањепо партијама Редни број набавке: М-43/17

Transkript:

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА e-banking E-banking сервисот е еден од алтернативните канали кои ги нуди Стопанска банка АД Скопје под брендот i-bank. Со овие алтернативни канали Банката е достапна 24 часа и клиентот има слобода да го избере начинот на интеракција со Банката. i-bank услугите се достапни преку банкомат, e-banking и e-commerce. За повеќе информации контактирајте го нашиот 24 часовен инфо центар на (02) 3100 109. Содржина (со CTRL кликни на кое било мени за директен пристап) I ЗОШТО ДА КОРИСТАМ E-BANKING... 2 II КАКО СЕ СТАНУВА КОРИСНИК... 4 III КАКО СЕ ИНСТАЛИРА И КОРИСТИ E-BANKING... 5 IV КОИ СЕ ТРОШОЦИТЕ И ТЕРМИНИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА Е-BANKING СЕРВИСОТ... 9 V ПОДАТОЦИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ... 11 VI ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА, ИЗГУБЕН СЕРТИФИКАТ, ПРИЈАВА НА ЗЛОУПОТРЕБА... 12 VII ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ... 13 VIII ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ... 15 IX НОВИТЕТИ ВО СЕРВИСОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО... 17 ЗА СИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА ПОВРЗАНИ СО E-BANKING УСЛУГАТА КОНТАКТИРАЈТЕ ГО НАШИОТ 24 ЧАСОВЕН ИНФО ЦЕНТАР (02) 3100 109

I ЗОШТО ДА КОРИСТАМ E-BANKING 1. Кои се предностите на e-banking сервисот? 2. Зошто да користам e-banking? 3. Кои услуги ги нуди e-banking сервисот? 4. Дали може да ги снимам или отпечатам податоците месечни извештаи, амортизациони планови, листа на трансакции и сл.? 1.1 E-banking сервисот е економичен, динамичен, безбеден и едноставен начин за управување со вашите лични и корпоративни финансии. Преку секцијата Мои сметки добивате 24 часовен пристап и увид до вашите сметки и банкарски производи со што не зависите од работното време на Банката. Можете да вршите базични банкарски услуги брзо и едноставно: плаќање на сметки за струја, вода, телефон, греење, интернет, ТВ, данок и секакви други трансфери од сметка на сметка. Дополнително, покрај во сметките, со e-banking системот на Стопанска банка клиентите добиваат увид и во производите кои ги користат кредити, кредитни картички, депозити и сл. Амортизационите планови, листите на уплати, каматните стапки и сл. се отвораат само со еден клик во секцијата Мои производи. Со примената на дигитален сертификат (достапен на CD или на USB token) Банката ги задоволува највисоките стандарди за заштита и на клиентите им обезбедува сигурен пристап и можност за управување со сопствените средства. 1.2 E-banking системот е замислен да им овозможи поголема контрола на клиентите врз сопствените финансии. Со прегледот на сите уплати и исплати од сопствените сметки и картички, увидот во кредитите и депозитите кои ги користи, клиентот во секое време може да пресмета колку слободни средства има, истите да ги испланира и да ги реализира преку e-banking системот кој е изработен со највисоки стандарди за заштита, а од друга страна е едноставен за користење. 1.3 Преку e-banking сервисот на Стопанска банка АД Скопје имате можност да: 1.3.1 Имате 24 часовен увид во вашите сметки Тековна трансакциска или штедна сметка, сметка поврзана со кредитна картичка или ОК картичка Увид во дневни трансакции (изводи) по сметка. Преглед на сите трансакции во период од 6 месеци по сметка. Увид во месечни извештаи за кредитни картички не постари од 6 месеци 1.3.2 Можност за плаќања од тековна трансакциска сметка:

Режиски трошоци без провизија: струја, парно, вода, телефон, кабелска ТВ и интернет и сите други плаќања кон сметки во Стопанска банка АД - Скопје. Даноци Плаќања од сметка на сметка 1.3.3 Постојан увид во производите кои ги користите Кредити увид во амортизациони планови, листи на плаќања, увид во месечни извештаи и листи на дневни трансакции од кредитните картички Депозити увид во каматната стапка, рокот на и салдото на депозитот 1.4 Со едноставно избирање на иконата преземи можете да ги снимите во електронски формат сите прегледи кои ви се достапни за вашите сметки или производи и тоа во XML формат. Дополнително со избирање на иконата печати можете да ги испечатите истите прегледи. Врати се на почеток

II КАКО СЕ СТАНУВА КОРИСНИК 1. Кој може да биде корисник? 2. Како се станува корисник? 3. Каде може да поднесам барање за e-banking? 2.1 Корисник на e-banking сервисот на Стопанска банка може да биде секое правно и физичко лице кое има трансакциска сметка во Банката. Со едноставно поднесување на барање преку филијалите или веб страницата на Банката секое правно или физичко лице може да стане корисник. Клиентот може, при поднесување на барањето, да назначи дали сака за плаќања од сервисот да користи USB token или CD дигитален сертификат и од каде сака да ги подигне материјалите (град и филијала). 2.2 Банката реагира по секое барање, ги изготвува потребните материјали (договор, лозинка и име, профил и дигитален сертификат) и го повикува клиентот да го потпише Договорот и да ги подигне материјалите исклучиво лично поради заштита на осетливите податоци. 2.3 Барање за e-banking може да поднесете во секоја филијала на Банката и на нашата веб страница во секое време. http://www.stb.com.mk/ebank/ebankapplication.asp Врати се на почеток

III КАКО СЕ ИНСТАЛИРА И КОРИСТИ E-BANKING 1. Зошто мора да ја сменам лозинката која ми ја додели Банката и каква лозинка да ставам? 2. Зошто ми е потребен дигитален сертификат и како можам да го добијам овој сертификат? 3. Како се инсталира и користи CD дигиталниот сертификат? 4. Како се користи USB token дигиталниот сертификат? 5. Дали треба да инсталирам уште некој програм за да извршувам плаќања? 6. Каде може да ги најдам дополнителните програми за инсталација? 7. Со кои оперативни системи работи e-banking сервисот? 8. Со кои пребарувачи работи e-banking сервисот (Internet Explorer, Mozilla, Opera, Chrome etc.)? 9. Дали можам да плаќам од сметките во сабота и недела? 3.1 При отворање на e-banking профил, секој клиент со Договорот добива уникатно име (username) и лозинка (password) која може да се користи исклучиво само за првата најава. Оваа лозинка има за цел да му овозможи на клиентот иницијален пристап до e-banking профилот и можност да креира сопствена лозинка која ќе му биде позната само на клиентот. Со креирање на овие име на профил и лозинка, клиентот може од секој компјутер во секое време да има неограничен увид во своите сметки и производи. За реализирања на плаќања од сметките клиентот треба да поседува дигитален сертификат (види прашање 3.2) Препорака на Банката е лозинката да ја знае само сопственикот на профилот и истата со цел да биде подобра да содржи комбинација од букви, бројки и знаци (0-9, Аа, +-= и сл.). Овој начин на создавање на лозинки е препорачан насекаде во светот со цел да се намали можноста од откривање и злоупотреба на лозинката. Со цел да се заштити клиентот препорачливо е да ја менува лозинката минимум еднаш годишно. Доколку клиентот ја заборави лозинката или e-banking профилот може да побара нивна обнова во секоја филијала на Банката. Клиентот мора да биде идентификуван од вработениот во филијалата пред да добие нови профил и лозинка. 3.2 Дигиталниот сертификат претставува потпис на клиентот за потпишување на платни налози, налози за пренос на средства од трансакциската сметка на клиентот до сметката одредена од него. Со примената на дигитален сертификат Банката ги задоволува највисоките стандарди за заштита и на клиентите им обезбедува сигурен пристап и можност за управување со сопствените средства. Дигиталниот сертификат им е потребен на клиентите кои сакаат да извршуваат плаќања преку e-banking сервисот и истиот може да се добие на CD или на USB token. - За CD дигиталниот сертификат прочитајте во 3.3. За техничките преференции на e-banking сервисот прочитајте ги прашањата 3.5, 3.6, 3.7 и 3.8.

- За USB token сертификатот прочитајте во 3.4. За техничките преференции на e-banking сервисот прочитајте ги прашањата 3.5, 3.6, 3.7 и 3.8. Доколку клиентот сака да има само увид во своите сметки и производи тогаш не мора да го добие и користи дигиталниот сертификат и истото треба да го нагласи кога ќе поднесе барање за користење на e-banking сервисот. 3.3 Дигиталниот сертификат претставува потпис на клиентот за потпишување на платни налози, налози за пренос на средства од трансакциската сметка на клиентот до сметката одредена од него. Со примената на дигитален сертификат ги задоволува највисоките стандарди за заштита и на клиентите им обезбедува сигурен пристап и можност за управување со сопствените средства. Дигиталниот сертификат им е потребен на клиентите кои сакаат да извршуваат плаќања преку e-banking сервисот и истиот може да се добие на CD или на USB token. CD дигиталниот сертификат е мал софтвер кој не го оптоварува компјутерот. Истиот мора да биде инсталиран на компјутерот од каде клиентот планира да ги извршува плаќањата и може да се инсталира на неограничен број компјутери иако препорака од Банката е да се инсталира на персонален компјутер до кој има пристап само клиентот. Упатството за инсталација е дел од CD-то и целиот процес трае не повеќе од 5 минути. При инсталацијата од клиентот се бара да состави и внесе лозинка со која ќе ги потпишува налозите за плаќање и Банката препорачува истата да е различна од лозинката за најава во системот. Покрај сертификатот, клиентот треба да инсталира уште 3 други компоненти со цел системот да може да ги реализира плаќањата. За техничките преференции на e-banking сервисот прочитајте ги прашањата 3.4, 3.5, 3.6 и 3.7. По инсталацијата e- banking системот ќе го прашува клиентот дали на компјутерот од кој сака да реализира плаќања е инсталиран дигиталниот сертификат пред да пристапи кон конструкција на налозите и нивно плаќање. Клиентот треба потврдно да одговара на прашањето доколку сертификатот е успешно инсталиран на компјутерот. На еден компјутер може да се инсталира повеќе од еден сертификат. CD сертификатот има важност од 2 години. Пред крајот на валидноста на сертификатот, клиентот добива порака на e-banking најавната страница со прашање дали е согласен да се изработи нов сертификат. 3.4 Дигиталниот сертификат претставува потпис на клиентот за потпишување на платни налози, налози за пренос на средства од трансакциската сметка на клиентот до сметката одредена од него. Со примената на дигитален сертификат Банката ги задоволува највисоките стандарди за заштита и на клиентите им обезбедува сигурен пристап и можност за управување со сопствените средства. Дигиталниот сертификат им е потребен на клиентите кои сакаат да извршуваат плаќања преку e-banking сервисот и истиот може да се добие на CD или на USB token.

USB token сертификатот не се инсталира на компјутерот, истиот се активира со поставување на апаратот во USB порт на компјутерот од каде клиентот сака да плаќа. Поради тоа, USB token-от е мобилен/пренослив односно не се запишува на компјутерите каде бил користен и затоа може да се користи на кој било компјутер без притоа истиот да се инсталира. При користење на e-banking системот истиот ќе го прашува клиентот дали на компјутерот од кој сака да реализира плаќања е инсталиран дигиталниот сертификат или е достапен USB token дигиталниот сертификат. Со потврдување на ова прашање клиентот може да пристапи кон конструкција на налозите и нивно плаќање. За успешна употреба на USB token-от потребно е да се активирани дополнителните програми кои се објаснети во прашањата 3.5 и 3.6. USB token дигиталниот сертификат има важност од 2 години. Пред истекот на периодот клиентот добива порака да ја посети филијалата за ресетирање на USB Token-от и доделување на нов. 3.5 Со примената на дигитален сертификат (достапен на CD или на USB token) Банката ги задоволува највисоките стандарди за заштита и на клиентите им обезбедува сигурен пристап и можност за управување со сопствените средства. За успешна употреба дигиталните сертификати бараат системот да активира уште 3 компоненти: За CD дигитален сертификат да се инсталираат/активираат: Сите опции на ActiveX Control and plug-ins да се означат со Enable или Prompt. Како дополнителна заштита на вашиот компјутер препорачуваме веб страницата https://ebank.stb.com.mk да се означи како Trusted site. За USB token дигитален сертификат да се инсталираат/активираат: За Windows 2000/XP: PKIClient-x32-4.5_signed.msi За Windows Vista (32-bit): PKIClient-x32-4.55.msi За Windows Vista (64-bit): PKIClient-x64-4.55.msi За Windows 7 (32-bit): PKIClient-x32-5.1- SPI.msi За Windows 7 (64-bit): PKIClient-x64-5.1- SPI.msi StbXmlSignatureInstall.msi StbXmlSignatureInstall.msi 3.6 Дополнителните потребни програми/подесувања објаснети во 3.5 се достапни на веб страницата на Банката http://www.stb.com.mk/ebank/download.htm

3.7 E-banking сервисот на Стопанска банка АД Скопје е прилагоден да функционира на најсовремените оперативни системи и постојано се надградува. Банката препорачува истиот да се користи согласно следните технички барања: - Оперативен систем : Windows 2000 или повеќе (Mac и Linux OS не се поддржани) - Internet Explorer 6.00 или повеќе - пристап кон интернет од 33.600 Kbps или повеќе, ISDN или постојана врска - Модем : 56K, или ISDN 3.8 E-banking сервисот можете да го користите за плаќање на Internet Explorer 6.00 или повеќе, додека на сите други пребарувачи можете да имате увид во сметките и производите кои ги користите. 3.9 E-banking системот на Стопанска банка АД Скопје ги реализира плаќањата согласно работното време на Банката и платниот промет во РМ (види прашање 4.2). Сепак, со цел да им излезе во пресрет на клиентите Банката овозможува клиентот да назначи иден датум за реализација на налогот. Клиентот притоа треба да внимава идниот датум да биде работен ден и на тој датум на сметката да има расположливи средства доволни за реализација на налогот. Врати се на почеток

IV КОИ СЕ ТРОШОЦИТЕ И ТЕРМИНИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА Е-BANKING СЕРВИСОТ 1. Дали има провизија за плаќања преку е-banking сервисот? 2. Во кој период може да се реализираат плаќања преку e-banking сервисот? 4.1 За физички лица: без провизија за плаќања на сметки во Стопанска банка АД Скопје преку интерниот систем на Банката. На фактурите за режиски трошоци наведени се сметките на компаниите во банките со кои работат. Изберете и внесете ја сметката од Стопанска банка и плаќајте ги трошоците без провизија (парно, струја, вода, телефон, интернет, кабелска ТВ и сл.). Детален опис на трошоците и термините за плаќање: а. Термински план и провизии за плаќања за физички лица во работни денови: Начин на плаќање Понеделник - Петок Сабота Провизија 1 МИПС од 07:45 до 16:20 часот / 100,00 ден. Кон други банки 2 КИБС до 10.000 од 07:45 до 14:20 часот / 9,00 ден. 3 КИБС над 10.000 од 07:45 до 14:20 часот / 12,00 ден. Кон СБ 4 Интерен од 07:45 до 18:00 часот од 07:45 до 13:00 часот Без провизија Надоместокот за издавање на дигитален сертификат на CD БЕСПЛАТНО Надоместокот за издавање на дигитален сертификат на USB Token 1.200,00 ден. еднократно б. Термински план и провизија за плаќања за правни лица во работни денови: Платен систем Понеделник до Петок Сабота Провизија Интерен систем на СБ од 07:45 до 19:00 часот од 07:45 до 13:30 часот 1-10,000 ден. 7,00 ден. по налог над 10.000 ден 11,00 ден. од налог КИБС од 07:45 до 14:20 часот / 1-10,000 ден. 13,00 ден. по налог над 10.000 ден 18,00 ден. од налог МИПС од 07:45 до 16:20 часот / 100,00 ден. по налог ПП53 налог за исплаќање на плати од 7:45 до 14 часот интерно 4,00 ден. по налог КИБС 12,00 ден. од налог Надоместокот за издавање на дигитален сертификат на USB токен Водење на сметка 1.200,00 денари 200,00 денари месечно

4.2 Види погоре, прашање IV.1. Со цел олеснување на работењето на клиентите со e-banking системот овозможено е на налозите за плаќање да биде назначен иден датум. Потребно е клиентите да внимаваат назначениот иден датум да биде работен ден и тој ден да ги имаат потребните средства за реализација на налогот. Налогот ќе се реализира на почетокот на работниот ден во зависност од расположливите средства на сметката на клиентот. Врати се на почеток

V ПОДАТОЦИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ 1. Дали е безбедно CD дигиталниот сертификат да го инсталирам на компјутер до кој имаат и други пристап? 2. Дали постои шанса некој да го злоупотреби мојот e-banking профил и како да се заштитам од тоа? 5.1 Дигиталниот сертификат е делот од безбедносната сложувалка со која клиентот е обезбеден од злоупотреба на сметките, податоците и средствата. Препорачуваме дигиталниот сертификат да го инсталирате на компјутер до кој имате пристап само вие но доколку сакате да го инсталирате на компјутер до кој имаат пристап повеќе лица внимавајте секогаш да се одјавите од е-banking сервисот кога ќе завршите да го користите и не се согласувајте системот да го запамети името на вашиот профил ниту лозинката. Не оставајте трага од лозинката и името на профилот во други документи на компјутерот и доколку повлечете извештај од e-banking сервисот истиот потоа избришете го од компјутерот. 5.2 E-banking сервисот е развиен интерно во Банката и при користењето клиентот директно комуницира со Банката без посредници, без други софтверски компании. При развојот користени се врвни стандарди за заштита кои спречуваат злоупотреба. Со дигиталниот сертификат кој го има само клиентот како и лозинката за најава и лозинката за потпишување на налозите дополнително се гарантира безбедноста од злоупотреба. И понатаму вложуваме многу ресурси кон заштита на системот, сервисот и клиентите како трајна определба да нудиме безбедни, стабилни и трајни услуги. Врати се на почеток

VI ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА, ИЗГУБЕН СЕРТИФИКАТ, ПРИЈАВА НА ЗЛОУПОТРЕБА 1. Што ако ја изгубам/заборавам лозинката за најава или името на профилот? 2. Што ако го изгубам CD/USB дигиталниот сертификат? 3. Каде и како да пријавам злоупотреба на e-banking профилот? 6.1 Во случај да ја заборавите лозинката за пристап до e-banking сервисот можете веднаш да пратите допис до kontaktcentar@stb.com.mk со вашиот ЕМБГ (матичен број) и вашиот username (име на профилот). Доколку дописот биде испратен во работно време на Банката ќе добиете во рок од неколку минути нова лозинка која ќе ја користите само при прва најава и ќе треба веднаш да креирате нова. Потребни се 30 минути откако ќе го добиете новиот password за да можете да се најавите на системот. Ве молиме за трпение. Доколку пак да го заборавите/изгубите името на профилот ве молиме дојдете во најблиската филијала бесплатно да ви ги името на профилот и лозинката. Со обновените име и лозинка ќе можете да се најавите еднаш на e-banking системот и потребно е веднаш да составите лозинка која само вие ја знаете и со која ќе се најавувате во иднина. (види прашање 3.1) 6.2 Доколку го изгубите сертификатот доделен на USB или CD ве молиме поднесете барање за негово обновување во најблиската филијала. Ќе ви биде изработен комплетно нов сертификат и истиот ќе има валидност од 2 години. За обновување на сертификатот важат тарифите наведени во прашање 4.1. 6.3 Во случај да се сомневате дека вашиот профил бил употребен од неовластени лица контактирајте го веднаш нашиот 24 часовен инфо центар (02) 3100 109 Врати се на почеток

VII ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ 1. Што ако ми се појави порака од типот DLL Server Error, Unauthorized access или слично? 2. Зошто не ми се појавуваат сите сметки кои ги имам во Банката? 3. Зошто не ми се ажурира состојбата на сметката? 4. Зошто не можам да ги гледам месечните извештаи постари од 6 месеци? 5. Кога се појавуваат на изводот трансакциите направени со картичка или на шалтер? 6. Дали има инструкции за користење на e-banking сервисот? 7. Како можам да го докажам плаќањето реализирано преку e-banking сервисот? 7.1 Сите пораки кои вашиот компјутер може да ги појави при инсталацијата или при користењето на е-banking сервисот се индивидуално зависни од подесувањата потребни за вашиот компјутер. Во случај на ваква појава на порака слободно контактирајте го нашито инфо центар за асистенција на (02) 3100 109. 7.2 При поднесување на барање за e-banking профил клиентот избира кои сметки сака да се гледаат на сервисот а кои не. Во случај на отворање на нова сметка или потреба некоја сметка да се додаде на прегледот клиентот може да се јави на 24 часовниот инфо центар (02) 3100 109 и да побара од операторите сметките да бидат додадени на прегледот. 7.3 Состојбата на сметките се ажурира постојано. Со цел дополнителна проверка клиентот може да кликне на линкот состојба достапен за секоја сметка и да добие нова состојба. Истото е можно и со кликнување на самата сметка при што клиентот ќе добие повеќе информации за сметката, меѓу другото и тековната состојба. Во случај состојбата да не се ажурира контактирајте го 24 часа инфо центарот (02) 3100 109 и побарајте од операторите да ви асистираат. 7.4 Месечните извештаи постари од 6 месеци се достапни на шалтерите на Банката. На e-banking сервисот согласно досегашното искуство клиентите во над 95% од случаите не ги бараат месечните извештаи постари од 6 месеци па поради тоа истите не се оставаат на серверот. За постари извештаи обратете се со молба во една од филијалите на Банката. 7.5 Трансакциите направени со картичка на банкомат или на шалтер се појавуваат веднаш на e- banking сервисот. Трансакциите направени со картичка во трговската мрежа ќе се појават како

трансакции веднаш штом ќе се направи порамнување со трговецот и неговата сметка што е временски период кој трае различно за секој трговец, банка и земја. 7.6 На веб страницата на Банката поставено е демо кое илустрира неколку основни активности достапни на e-banking сервисот. Дополнително, во горниот десен агол на секоја страница од e- banking апликацијата имате линк помош кој ги има опишано и прикажано сите активности со текст и слика. Секако, во секое време можете да побарате помош од нашите оператори на 24 часовниот инфо центар (02) 3100 109 7.7 Откако успешно ќе го реализирате налогот/плаќањето можете истиот да го испечатите и да го приложите како доказ за успешна исплата на средства. Бројот FTxxxxxxxxxxxxx кој се појавува над секој успешно реализиран налог е бројот на трансакцијата и истиот се користи за проверка во системите на Банката. Врати се на почеток

VIII ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ Правни аспекти Ова е официјалната страница на Стопанска банка АД Скопје. Стопанска банка АД Скопје има комплетни авторски права врз содржината на веб страницата. Корисниците кои пристапуваат до оваа веб страница ги имаат следните права: o o o o o Да ја прегледуваат содржината Да превземаат, преведуваат или користат дел од информациите поставени на страницата исклучиво само со цитирање на изводот Да ги копираат или печатат материјалите достапни на веб страницата без комерцијални цели Да ги поврзуваат нивните страници со линкови до оваа веб страница (во случај тие линкови да се со бизнис/маркетинг цели ново прозорче треба да ја отвара од линкот веб страницата на Стопанска банка АД Скопје) Секое физичко или правно лице кое базирано на информациите достапни на веб страницата ќе донесе одлука, ќе биде одговорен за успехот или неуспехот на одлуката која ја донел и сите загуби кои може да произлезат од неа Стопанска банка АД Скопје негира одговорност за содржината на надворешни веб страници кои може да се посочени во рамки на оваа веб страница. Веб страницата на Стопанска банка АД Скопје претставува збир на податоци и информации кои имаат цел да информираат. Стопанска банка АД Скопје го задржува правото да ја менува содржината и структурата на веб страницата во секое време без претходна најава. Производите и услугите опишани на оваа веб страница се однесуваат исклучиво на Стопанска банка АД Скопје и се во комплетна сопственост на Банката. Секој обид да се промени изгледот и содржината на страницата, со исклучок на правниот сопственик Стопанска банка АД Скопје, како и создавањето линкови без претходна согласност на Банката ја ослободува Банката еднострано и без последици да ги користи своите права и да побара санкции за сторителите од компетентните служби. Општи услови Ова лого припаѓа исклучиво на Стопанска банка АД - Скопје, членка на НБГ групацијата (Банка) и не може да се користи без да се има претходна писмена согласност. Било која употреба која не е во рамките на договореното со Банката, на било кој начин, било монетарен или не, претставува прекршување на правата. Присуството на логото на Стопанска банка АД - Скопје, членка на НБГ

групацијата не е обврска или неотповикливо задолжение превземено од Банката, и не и гарантира на Банката одобрување на кредитот побаран од страна на трети лица, партнери на Банката, како и, не гарантира исполнување на обврските превземени од страна на партнерите. Врати се на почеток

IX НОВИТЕТИ ВО СЕРВИСОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО Почитувани корисници на e-banking сервисот на Стопанска банка. На ваше барање Банката подготви новитети со кои се збогатува бројот на услуги што може да се користат но и се олесни употребата на истиот. Новитетите се во делот на: 9.1 НАПРЕДНО ПРЕБАРУВАЊЕ Овозможено е напредно пребарување на налозите креирани со e-banking сервисот во рамки на една сметка по повеќе параметри како на пр.: износ, датум, назив на примател, тип на налог, сметка на примачот, повикување на број, шифра, начин, статус и тн. Со овој новитет, можете на брз и лесен user friendly начин да ги најдете сите плаќања кои се реализирани преку сервисот за електронско банкарство, да ги снимите како шаблони, да ги испечатите или едноставно да имате увид во налогот. Напредното пребарување ви е достапно на линк поставен веднаш до календарот со датуми согласно приказот подолу:

Со избирање на исписот напредно пребарување се појавува формулар за внес на параметри. Внесете минимум еден параметар и одберете го полето Барај во десниот долен агол: 9.2 ПОЛЕСНО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПП 30 НАЛОЗИ ЗА ПЛАЌАЊЕ Како второ подобрување се појавува и полесниот начин за пополнување на ПП30 налозите каде отсега уште при почнување на плаќањето можете да изберете една од вашите сметки во Банката во делот Сметка на примачот, доколку често правите трансфер од трансакциската на другите ваши сметки. Дополнително, со оглед на тоа што платниот промет разликува голем број на шифри за плаќање истите се групирани и можете полесно да ги одберете од drop мени поле веднаш до полето за внес на шифра. На приказот подолу означени се 2те нови полиња како и менијата што се појавуваат при избор на новите полиња:

9.3 АВТОМАТСКО АЖУРИРАЊЕ НА СОСТОЈБА НА СМЕТКИ Согласно потребите од поголем автоматизам во дел од работењето со e-banking сервисот Банката овозможи нова функција во делот на приказ на состојба на сметки. Имено, со секое прво најавување во денот се ажурираат состојбите на сите ваши сметки. Со секоја следна најава во текот на денот, како и досега, потребно ќе биде да кликнете на копчето Состојба за да добиете ажурирана состојба. 9.4 ПРОМЕНА НА ПРИКАЗ НА СМЕТКИ Од неодамна Банката овозможи полесно уредување на приказот на сметки на e-banking платформата со новиот модул кој се појавува на најавната страница од сервисот.

Со избирање на полето Изберете сметки за приказ се отвора нов дел во кој се прикажани сите ваши сметки и можете со едноставно штиклирање да потврдите кои сметки сакате да ги гледате на најавната страница на е-banking сервисот. Во листата означени со Х се сметките кои системот дозволува да се користат за e-banking плаќања.

9.5 ДЕВИЗНИ ПЛАЌАЊА ЗА ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА Како и кај денарските трансакции се избира линкот Налози од сметката од која сака да се изврши плаќањето. За креирање на налог за плаќање во странство се избира Образец 1450 Во образецот 1450 се пополнуваат следните полиња: - Датум на доставување на налогот - Назив на налогопримачот(задолжително со големи латинични букви) - Адреса (на налогопримачот) - Број на сметка ( на налогопримачот)(се внесува без празни места) - SWIFT код на банката(се внесува без празни места) - Земја (каде се врши плаќањето) - Износ

- Шифра (т.е. намена на плаќањето) - Цел на дознака ( се пополнува само по внесот на шифрата) - Референтен број (број на фактура или друг документ) - Коментар (не е задолжително поле и може да се внесат различни појаснувања и информации. На примеркој ќе ги сноси трошоците на странските банки) По пополнувањето на образецот 1450 се избира Сними. Потоа доколку е потребно може да се промени налогот со избор на линкот Промени, или доколку е потребно (за правни лица е задолжително) да се прикачат документите по кои се врши плаќањето, на пример фактура.

Докуменитите се прикачуваат на следниот начин: Најпрво се кликнува на линкот Прилози По клик на копчето Browse се избира (селектира) датотеката која сака да се прикачи од прозорот Choose fileи се кликнува на Open. Потоа се внесува опис на документот, по што се кликнува на знакот плус (+). Оваа постапка се повторува за онолку документи колку е потребно да се приложат. По прикачувањето на документите се кликнува на Сними по што се враќаме на прозорот со налози. Овде како и кај денарските плаќања треба да се потпише налогот со соодветниот сертификат/и за потпис и налогот да се испрати до банката со клик на линкот Прати. Доколку налогот е за истиот ден веднаш се добива одговор дали налогот е доставен до Стопанска банка. Налозите со иден датум ќе добијат одговор на датумот на доставување.

Кога налогот е доставен до банката, се проверува дали е уредно пополнет, дали има доволно стредства за негова реализација и дали е во согласност со регулативата. Во зависност од оваа проверка ќе добиете одговор дали налогот е прифатен за реализација или не е прифатен. Доколку е прифатен ќе биде проследен за реализација, за што ќе добиете информација на самиот налог и во изводот од сметката. По реализацијата на налогот преку е-маил ќе ви биде составена и копија од SWIFT пораката.