Комитет на Страните на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба

Relaterede dokumenter
ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите

Дводимензинални низи во с++

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ. Автор: Ирена Кацарски-Ќимова, преведувач, конференциски толкувач и консултант за преведувачки процеси

Oхридска Банка. мтокен. Упатство за употреба на мобилниот токен

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ГОЛЕМ СОВЕТ. СЛУЧАЈ GAFGEN ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА (пријава бр /05)

Oхридска Банка. Упатство за употреба на мобилниот токен

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА e-banking

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА ЉУБЉАНСКИ АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА. [Maкедонски] Решаваме спорови од 1928 година

Број 45 Год. LX Среда, 7 јули 2004 Цена на овој број е 300 денари С О Д Р Ж И Н А 879.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

740. ЗАКОН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕТО (пречистен текст) I. Законски наследници. Среда, 15 септември 1965 БЕЛГРАД

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ STOJANOVIĆ ПРОТИВ ХРВАТСКА. (Жалба бр /09 ПРЕСУДА

КОНКУРС. За запишување студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2015/2016 година

БИЛТЕН NEWSLETTER - БИЛТЕН - GAZETA ВО ОВОЈ БРОЈ ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО БРОЈ 3 ЈУЛИ 2014.

БРОЈ 84, ДЕКЕМВРИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О Д Р Ж И Н А. Број 117 Год. LXIII Понеделник, 1 октомври 2007 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЕДНОДИМЕНЗИОНАЛНИ НИЗИ

гласило на НАЦИОНАЛНИОТ сојуз на ЛИЦА СО телесен инвалидитет на македонија

Резултат? Одличен крем со богата, кремаста текстура и прекрасен мирис на мед.

СПАРК ПРИРАЧНИК НА СОПСТВЕНИКОТ

Ножeви зa. хaртијa. klever.com.mk. офис ризница

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN:

80. ЗАКЛУЧОЦИ. Врз основа на член 285 став 1 точка 1 од Уставот на СФРЈ и член 136 ст. 2 и 3 од Деловникот на Собранието

674. Член 6. (2) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата

С О Д Р Ж И Н А. Број 61 год. LXVII 29 април 2011, петок Цената на овој број е 450 денари.

Кватернарна превенција. Маг. д-р по мед. Џејми Кореиа де Соуса, Центар за семејна медицина Медицински Факултет Скопје

3-компонентен малтер во комбинација од цемент и епоксид, само-нивелирачка подна кошулица во дебелина од 1.5 до 3 mm

С О Д Р Ж И Н А. Стр Закон за изменување на Законот за јавните патишта Стр.

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦА ОД ЕКСПРЕСЕН ПАТ A1: МОСТ НА РЕКА РАЕЦ КЛУЧКА ДРЕНОВО НЕ-ТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ МАЈ, 2014

ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ 13 септември 29 септември октомври 2017

За адекватна примена на Правилникот и Критериумите во здравствениот систем на Република Македонија, треба да се земат предвид следниве елементи:

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. "Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

Одлуки на Основниот Суд Скопје ПРЕСУДА I К.бр.297/07 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

III Масовна рекреативна средба на лица со телесен инвалидитет број 80, ЈУНИ 2014

Подготвиле: Проф. Др. Душко Мукаетов Проф. Др. Димов Зоран Проф. Крум Бошков Инж. Емилија Попоска. Скопје, ноември, 2013 год.

Construction. Едно компонентен санационен малтер за фина завршна обработка EN Опис на Производот. Тест 1 1/5. Одобрувања / Стандарди

ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ИСХРАНАТА НА РАСТЕНИЈАТА. насока: Лозарство и винарство

ПРОТОКОЛ ЗА УСЛУГИ ВО МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО ИТНИ И КРИЗНИ СОСТОЈБИ И КАТАСТРОФИ ВО ТРАНЗИТНИТЕ ЦЕНТРИ

СТУДИЈА ЗА ОРНИТОЛОШКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПОДРАЧЈЕТО ДОЛНА БРЕГАЛНИЦА

К Р И Т Е Р И У М И. Боледување до 7 дена

ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС. Античкиот град Хераклеа Линкестис се наоѓа во непосредна близина на Битола, од неговата јужна страна.

Нова револуција во перењето. Машини за перење и за сушење алишта

Деловни простории во КОЧАНИ на ул.гоце локал 1-16m ,00 Делчев, КП-9720, ИЛ-13755, КО Кочани, зграда-1, локал-2-21м2 влез-05, кат

Тип 2 дијабетес. Справување со тип 2 дијабетес. NICE клинички упатства 87 guidance.nice.org.uk/cg87. Прилог

FM/MW/LW CD ПЛЕЕР CDX-GT (1) Упатство за употреба. За откажување на демонстрацијата (DEMO) на екранот, видете на стр. 12.

СОДРЖИНА. Број 9 20 јануари 2012, петок година LXVIII. Стр.

АНТИЧКИОТ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР НУМЕНИЈ И ДВА НЕГОВИ РЕЦЕПТИ ЗА ЛЕКОВИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА У К А З бр. 16 од година УКАЗ бр УКАЗ бр. 15

дури тогаш кога ќе погледнеме наназад.

Ѓорги Поп-Атанасов МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА

162. Петок, 11 март 1977 БЕЛГРАД

РЕХАУ собен регулатор Nea Привлечен дизајн со лесно ракување MK. Градежништво Автоиндустрија Индустрија

Програмите се две почетната деветдневна Clean 9, за време на која организмот се ослободува од натрупаните

Rabotno vreme: od ponedelnik do petok od 7 do 20 ~asot sabota od 8 do 15 ~asot

Kонтрола на квалитет на ПET радиофармацевтици. Асс. м-р Катарина Смилков Факултет за медицински науки, оддел Фармација Универзитет Гоце Делчев - Штип

"Сите Ваши соништа можат да се остварат - само ако имате храброст да посегнете по нив" Волт Дизни

Нова LIN. Елегантен ДИЗАЈН, динамична

O D L U K A. Za rasporeduvawe na neto dobivkata ostvarena po Godi{nata smetka i finansiskite izve{tai za 2017 god. ^l. 1. ^l. 2

Решенија на задачите за I година РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 април 2010 I година

а) Нацртај неколико дужи и обележи их. б) Уочи дужи приказане на слици 60.

АКЦИОНАРСКО ДРУШТВО ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ ПУТНИКА СРБИЈА ВОЗ Београд, Немањина 6

Да ја заштитиме природата

Австрија. Ав стрија е земја со нај мала невработеност во Евро па. На скии може да поминете над километри

Подаци катастра непокретности 1. Подаци о парцели :38:32 Није службена исправа

X + Y = ПЕ СМА ИЛИ МО ЈЕ ОСЕ ЋА ЊЕ СВЕ ТА. 1 У К У Т И Ј И РЕ Н Е СА Н СЕ М И РО ЉУ БА

Х У БЕ РО ВЕ. (II део) 14.

ОБЈ ЕК Т И ВИ ЗО ВА ЊЕ МО РА Л Н Е Ш Т Е Т Е

ДО П РИ НОС Д Е Ј ВИ Д А Х А Р ВИ ЈА

"БУКОВИЧКД БД~t Д АНЪЕЛ ONOI

МО РАЛ НИ КР СТА ШКИ ПО ХОД ДР ЖА ВЕ НА СП А ВА ЋУ СО БУ: П РЕ К Р Ш А Ј П РО СТ И Т У Ц И Ј Е У НО ВОМ Зо Ј РМ

БЕОГРАДСКА ПОСЛОВНА ШКОЛА ВИСОКА ШКОЛА СТРУКОВНИХ СТУДИЈА

Број февруари 2015, вторник година LXXI

МА ТЕ МА ТИЧ КА ПИ СМЕ НОСТ

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Ус т а в н и суд. М и н и с т а р с т в а. Ло ка л н а с а моу п р а в а. Београд, 6. јануар 2014.

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА ЈДГ 8 МАРТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2014/2015г.

СА ВРЕ М Е Н Е КОН Ц ЕП Ц И Ј Е И ОРГА Н И ЗА Ц И JE ВОЈ СК Е УСЛО ВЉЕ Н Е Т ЕХ НО ЛО Ш К И М ЗА Х Т Е ВИ М А 1

ПРАВИЛА ШИФРИРАЊА У ИНФЕКТОЛОГИЈИ

Жеремију и Ани, мојим учитељима Р. Б. Ани, мојој првој читатељки, чије су ми примедбе много помогле Б. К.-П.

УНИВЕРЗИТЕТ У НОВОМ САДУ, АКАДЕМИЈА УМЕТНОСТИ НОВИ САД, ЂУРЕ ЈАКШИЋА 7 СТРУКТУРА СТУДИЈСКОГ ПРОГРАМА

СА ВЕ СНИ УЧЕ НИ ЦИ: УСПЕ ШНИ ЈИ У ШКО ЛИ, АЛИ НЕ И СРЕЋ НИ ЈИ ЗБОГ ТО ГА *

2/20/2018. е по тој оп те п ће де ј е т к под ут (по ђе ) у у к пл т.

Тривијални имиоа на некпи хетерпциклични спединенија. хинплин пирпл пиридин индпл фуран

СВЕЧАНО УРУЧЕЊЕ НАГРАДА У МАТИЦИ СРПСКОЈ

ДРУГО ОДЕЉЕЊЕ ПРЕДМЕТ ЛАКАТОШ И ДРУГИ ПРОТИВ СРБИЈЕ. (Представка број 3363/08) ПРЕСУДА СТРАЗБУР. 7. јануар године

MK твојот AVON Претставник Овде сум за да споделувам и да ти бидам водич. Ти треба совет за убавина или мода? WWW

ПИ СМО ВУ КА НО ВО ПА ПИ ИНО ЋЕН ТИ ЈУ III**

Copyright Дејан Лучић, 1994 Copyright 2011 за ово издање, ЛАГУНА

ВРТ ТВИ ТЕР ПРО ЗА КАО ЕХО УСМЕ НОГ ПРИ ПО ВЕ ДА ЊА. Бранислав Живановић

Стратегија ДЕ. Др Дејан Тошић, ванр. професор Електротехничког факултета Универзитета у Београду


MINISTERSTVO ZA TRUD I SOCIJALNA

Светозар Марковиh ЦЕЛОКУПНА ДЕЛА I-XVH

Четврток, 14 октомври 1971 БЕЛГРАД

б ,

Овим обавештавамо понуђаче да ће се измењене стране Конкурсне документације објавити на Порталу јавних набавки и интернет страници Наручиоца.

Ју би леј. Ју би леј 240-го ди шњи це до се ља вања. Равње добило нову амбуланту. У Инђији отворена деоница пута Р-109

Transkript:

СОВЕТ НА ЕВРОПА T-ES(2017) 04_en final 2 јуни 2017 г. КОМИТЕТ ОД ЛАНЗАРОТЕ Комитет на Страните на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба Тематски прашалник за втората рунда на следење на заштитата на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба помогната со информациската и комуникациската технологија (ИКТ) Одговорите да се испратат до Секретаријатот на Комитетот од Ланзароте lanzarote.committee@coe.int до 25 октомври 2017 година Овој прашалник е достапен електронски на http://www.coe.int/lanzarote 1

I. Вовед 1. Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба (во понатамошниот текст Конвенција од Ланзароте или Конвенција ), која влезе во сила во јули 2010 година, налага криминализација на кривичните дела кон деца од сексуална природа. Конвенцијата предвидува Страните на Конвенцијата да донесат специфични законски акти и да преземат мерки за спречување на сексуално насилство, за заштита на децата жртви и за кривично гонење на сторителите. 2. Во текот на изминатите години, Комитетот од Ланзароте, задолжен за следење на Конвенцијата, ги разгледа предизвиците создадени од неколку трендови во сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца кои се појавија како резултат на брзиот развој и зголемената употреба на информациската и комуникациската технологија (ИКТ). Како резултат на тоа, Комитетот одлучи да се фокусира на втората рунда на следење на деталната анализа на специфични предизвици што треба да се решат за да се обезбеди заштита на децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба помогната од информациската и комуникациската технолофија (ИКТ). 3. Комитетот од Ланзароте го изработи следниот прашалник со две главни цели кои соодвествуваат на неговата двојна улога во согласност со член 41 од Конвенцијата т.е. следење и градење капацитет. Според тоа, има два вида прашања: Прашања за следење: овие прашања се насочени кон собирање информации за да се оцени ефективното спроведување на обврските што произлегуваат од Конвенцијата од страна на Страние Прашања за градење капацитет: овие прашања се насочени кон собирање информации за значајни правни, политички или технолошки достигнувања (член 41, став 3). 4. Од горенаведеното следува дека состојбата што се јавува како резултат на информациите поднесени во однос на: Прашањата за следење ќе даде повод за препораки за Страните да преземат чекори за ефективно спроведување на Конвенцијата. Прашањата за градење капацитет ќе овозможи утврдување добри практики за одговор на правните, политички и технолошки достигнувања и според тоа ќе користи да се зголеми знаењето во однос на тоа како да се заштитат децата од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба помогната од информациската и комуникациската технологија (ИКТ). 5. Се замолуваат Страните да одговорат на овој прашалник имајќи го предвид Толковното мислење на Комитетот од Ланзароте за применливоста на Конвенцијата од Ланзароте за спречување сексуални кривични дела кон деца кои се помогнати преку употреба на ИКТ. 6. Исто така се замолуваат Страните да одговорат на прашања прецизирајќи, таму каде што е релевантно, дали и како мерките ги земаат предвид барањата што се специфични за пол, како и специфични видови ранливост на децата. Особено внимание треба да се посвети на статистиката и националната литература на оваа тема. 2

7. Потсетуваме дека во согласност со Правилото 26, дел 3 од Деловникот на Комитетот, одговорите на овој прашалник треба да се достават до Секретаријатот (lanzarote.committee@coe.int) на еден од официјалните јазици на Советот на Европа (т.е. англиски или француски) во рамки на временскиот рок даден подолу. Сите одговори треба да бидат детални, да даваат одговор на сите прашања и да ги содржат сите релевантни референтни текстови. 8. Страните треба да одговорат на овој прашалник до 25 октомври 2017 година. 9. Конечно, во согласност со Правилото 26, дел 4 од Деловникот на Комитетот, претставниците на граѓанското општество и кој било друг орган вклучен во спречување и борба против сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба на деца, можат исто така да ги поднесат своите ставови до Секретаријатот (lanzarote.committee@coe.int) за кое било од прашањата опфатени со овој прашалник. Воедно, постои можност и да се коментира на одговорите поднесени од Страните во рок од два месеца од регистрацијата на Секретаријатот на релевантните одговори на Страните. II. Прелиминарни забелешки 10. За потсетување, во согласност со член 3: а. дете е секое лице под 18 години; б. сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба на деца е однесување како што е наведено во членовите од 18 до 23 од оваа Конвенција; в. жртва е секое дете кое било подложено на сексуална експлоатација или сексуална злоупотреба. 11. Исто така, ги информираме Страните дека во контекст на тековниот прашалник: а. сексуално експлицитни слики и/или видеа направени од деца се однесува на кој било материјал кој визуелно прикажува дете вклучено во реално или симулирано сексуално експлицитно однесување или кое било прикажување на репродуктивните органи на децата направено или наводно направено од страна на самите деца по нивна сопствена иницијатива; 1 б. сексуална содржина направена од деца се однесува на слики, видеа и друг материјал кој прикажува дете на сексуално имплицитен начин (на пр. голо или полуголо како позира со цел да предизвика сексуална возбуда) направена или наводно направена од самите деца; в. секс-смс е споделување на сексуално експлицитни слики направени од деца и/или видеа и/или сексуална содржина направена од деца 2 преку информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) 3 ; г. информатичка и комуникациска технологија (ИКТ) се однесува на сите технички средства кои се користат за управување со информации и помагање на комуникација, вклучително и компјутерски и мрежен хардвер, како и неопходниот софтвер како што се мобилните телефони, таблетите, дигиталните камери и кои било други паметни уреди; д. сексуално принудување и/или изнудување извршено со помош на ИКТ 4 значи употреба на сексуално експлицитни слики и/или видеа направени од деца и/или 1 Оваа дефиниција опфаќа материјал од член 20, став 2 од Конвенцијата од Ланзароте; 2 Како што е погоре дефинирано во 11а и 11б. 3 Како што е подолу дефинирано во 11г. 4 И принудување и изнудување овде се користат со оглед на тоа дека според правната терминологија на некои страни, изнудувањето е применливо само ако очекуваните придобивки се однесуваат на пари или имот додека Комитетот од Ланзароте би сакал да вклучи и ситуации кога престапникот бара и повеќе 3

сексуална содржина направена од деца 5 за сексуални придобивки (главно нови слики или видеа или сексуални услуги), финансиска добивка или друга лична добивка од детето или некое друго лице под конкретна закана (главно објавување на претходно стекнати слики и/или видеа на интернет). III. Прашања СПРЕЧУВАЊЕ Прашање 1. Активности/алатки/материјали/мерки за зголемување на свесноста или за образување 1.1. Постојат ли некакви активности/алатки/материјали/мерки за зголемување на свесноста или за образување на децата во однос на ризиците со кои се соочуваат кога произведуваат и/или споделуваат: 1.2. Постојат ли некакви активности/алатки/материјали/мерки за зголемување на свесноста или за образување на децата како сведоци/набљудувачи на други деца кои произведуваат и/или споделуваат: 1.3. Постојат ли некакви активности/алатки/материјали/мерки за зголемување на свесноста или за образување на родителите и лицата кои се во редовен контакт со деца (наставници, психолози, медицински лица, итн.) за ризиците со кои се соочуваат децата кога произведуваат и/или споделуваат: Ве молиме наведете кои субјекти ги спроведуваат горенаведените активности за зголемување на свесноста или за образување (прашања 1.1, 1.2 и 1.3) и како ги координираат активностите. Ве молиме споделете врски (линкови) од материјали за зголемување на свесноста или за образување (на пр. брошури, видео, апликации за паметни телефони, прирачник за неформално образование, алатки, интернет алатки) произведени за горенаведените активности (прашања 1.1, 1.2 и 1.3). Прашање 2. Вклучување на граѓанското општество 2.1. Како државните органи го охрабруваат спроведувањето на проектите за спречување и програмите остварени од страна на граѓанкото општество во поглед на: 2.2. Ве молиме обезбедете информации за активности за спречување (вклучително активности за зголемување на свесноста и образување, истражување итн.) спроведени од страна на граѓанското општество (вклучително активностите спроведени од страна на граѓанското општество според нивната иницијатива) во поглед на: сексуално експлицитни слики и/или видеа произведени од деца и/или сексуална содржина произведена од деца 4 или сексуални услуги. 5 Како што е д погоре ефинирано во 11.а и 11.б. 4

а. сексуално ескплицитни слики и/или видеа направени од деца? Прашање 3. Национална наставна програма Дали националната наставна програма (основни и средни училишта, како и стручно образование) опфаќа зголемување на свесноста за ризиците од: Прашање 4. Наставна програма за високо образование и конитунирана обука Дали наставната програма за високо образование и континуираната обука за лицата кои ќе работат или веќе работат со деца опфаќа прашања поттикнати од: Прашање 5. Истражување 5.1. Дали јавните органи или други тела иницирале/поддржувале истражување на прашањата поттикнати од: 5.2. Дали јавните органи или други тела спровеле или поддржувале истражување, особено во врска со психолошките ефекти врз тие лица кои: а. сами изработиле сексуално ескплицитни слики и/или видеа кога биле деца, а потоа истите биле објавени на интернет? б. сами изработиле сексуална содржина кога биле деца, а потоа истата била објавена на интернет? Ве молиме наведете дали јавните органи или други тела кои отпочнале/поддржувале истражувања како горенаведените (5.1 и 5.2) се свесни за нивните исходи. ЗАШТИТА Прашање 6. Помош на жртвите 6.1. Какви конкретни механизми за пријавување постојат, вклучително линиите за помош, со цел да се обезбеди дека децата-жртви на изложување на интернет на: а. сексуално ескплицитни слики и/или видеа направени од нив имаат соодветна поддршка, помош и психолошка помош? б. сексуална содржина направена од нив имаат соодветна поддршка, помош и психолошка помош? 6.2. Какви законодавни или други мерки се преземени со цел да се обезбеди дека децата-жртви на изложување на интернет на: а. сексуално експлицитни слики и/или видеа направени од нив имаат соодветна поддршка, помош и психолошка помош? б. сексуална содржина направена од нив имаат соодветна поддршка, помош и психолошка помош? 5

Ве молиме, доколку постојат, наведете информации за бројот на жртви кои примиле поддршка, помош и психолошка помош во горенаведените конкретни контексти (прашања 6.1 и 6.2). Прашање 7. Соработка со граѓанско општество Ве молиме опишете ја соработката со невладини организации, други релевантни организаџии и други претставници на граѓанското општество вклучени во помагање на жртви на кривични дела опфатени со овој прашалник (видете прашања 9-11) преку на пр. линии за помош на деца, организации за поддршка на жртви. Кривично гонење Прашање 8. Законодавство 8.1. Дали националното законодавство содржи какви било упатувања кон: а. сексуално ескплицитни слики и/или видеа направени од деца во контекст на кривичните дела опфатени од Конвенцијата од Ланзароте (членови 18-23)? б. сексуална содржина направена од деца во контекст на кривичните дела опфатени од Конвенцијата од Ланзароте (членови 18-23)? в. несликовна сексуална содржина произведена од деца (на пр. звук, текст) во контекст на кривичните дела опфатени од Конвенцијата од Ланзароте (членови 18-23)? 8.2. Дали националното законодавство се справува со вклученоста на повеќе од едно дете (на пр. консензуално позирање) при произведување на: 8.3. Дали овие конкретни упатувања се поврзани со фактот дека повеќе деца се појавуваат на: а. сексуално експлицитни слики и/или видеа направени од деца кога овие деца прифаќаат дека нивната слика и/или видео се произведува и споделува преку ИКТ? б. сексуална содржина направена од деца кога овие деца прифаќаат дека нивната слика и/или видео се произведува и споделува преку ИКТ? Прашање 9. Криминализација 9.1. Дали националното законодавство ги криминализира случаите кога возрасни лица: 6 а. поседуваат сексуално експлицитни слики и/или видеа направени од деца? б. дистрибуираат или пренесуваат на други возрасни лица сексуално експлицитни слики и/или видеа направени од деца? в. дистрибуираат или пренесуваат сексуално експлицитни слики и/или видеа направени од деца на други деца покрај тие што се прикажани на овие слики и/или видеа? 6 Доколку одговорите на Страните на Прашалникот за генерален преглед во однос на спроведувањето на член 20 од Конвенцијата од Ланзароте (видете ги одговорите на прашање 16) се сè уште валидни, Ве молиме упатете на нив. Во спротивно, Ве молиме ажурирајте ги одговорите во контекст на ова прашање. 6

9.2. Дали постојат посебни околности (вклучително алтернативните интервенции) под кои горенаведените случаи (9.1.а-в), иако фактички и правно утврдени, нема да бидат гонети и/или не водат кон пресуда? 9.3. Какви се правните последици од горенаведените однесувања (9.1.а-в)? 9.4. Дали националното законодавство ги криминализира случаите кога возрасни 7 : а. поседуваат сексуална содржина направена од деца? б. дистрибуираат или пренесуваат на други возрасни лица сексуална содржина направена од деца? в. дистрибуираат или пренесуваат сексуална содржина направена од деца на други деца покрај тие што се прикажани на оваа содржина? 9.5. Дали во посебни околности (вклучително алтернативни интервенции) горенаведените случаи (9.4.а-в), иако фактички и правно утврдени, не се гонат кривично и/или не водат до пресуда? 9.6. Кои се правните последици од горенаведеното однесување (9.4.а-в)? 9.7. Дали националното право ги криминализира случаите ако децата: 8 а. сами произведуваат слики и/или видеа со сексуално експлицитна содржина? б. поседуваат слики и/или видеа со сексуално експлицитна содржина кои сами ги направиле? в. на своите врсници им дистрибуираат или пренесуваат слики и/или видеа од самите нив, кои се со сексуално експлицитна содржина и кои сами ги направиле? г. на возрасни им дистрибуираат или пренесуваат слики и/или видеа од самите нив, кои се со сексуално експлицитна содржина и кои сами ги направиле? д. на свои врсници им дистрибуираат или пренесуваат слики и/или видеа од други деца, кои се со сексуално експлицитна содржина и кои сами ги направиле? ѓ. на возрасни им дистрибуираат или пренесуваат слики и/или видеа од други деца, кои се со сексуално експлицитна содржина и кои сами ги направиле? 9.8. Дали во посебни околности (вклучително алтернативни интервенции) горенаведените случаи (9.7.а-ѓ), иако фактички и правно утврдени, не се гонат кривично и/или не водат до пресуда? 9.9. Кои се правните последици од горенаведеното однесување(9.7.а-ѓ)? 9.10. Дали националното право ги криминализира случаите ако децата: 9 a. сами произведуваат сексуална содржина? 7 Доколку одговорите на Страните на Прашалникот за генерален преглед во однос на спроведувањето на член 20 од Конвенцијата од Ланзароте (видете ги одговорите на прашање 16) се сè уште валидни, Ве молиме упатете на нив. Во спротивно, Ве молиме ажурирајте ги одговорите во контекст на ова прашање. 8 Ова прашање во никој случај не имплицира дека ваквото однесување треба да биде криминализирано. 9 Ова прашање во никој случај не имплицира дека ваквото однесување треба да биде криминализирано. 7

б. поседуваат сексуална содржина? в. на своите врсници им дистрибуираат или пренесуваат сексуална содржина која сами ја направиле? г. на возрасни им дистрибуираат или пренесуваат сексуална содржина која сами ја направиле? д. на свои врсници им дистрибуираат или пренесуваат сексуална содржина од други деца кои самите ја направиле? ѓ. на возрасни им дистрибуираат или пренесуваат сексуална содржина од други деца кои самите ја направиле? 9.11. Дали во посебни околности и алтернативни интервенции горенаведените случаи (9.10.а-ѓ), иако фактички и правно утврдени, не се гонат кривично и/или не водат до пресуда? 9.12. Кои се правните последици од горенаведеното однесување(9.10.а-ѓ)? Прашање 10. Производство и поседување на слики и/или видеа направени од деца со сексуално експлицитна содржина од страна на деца за сопствена приватна употреба 10.1. За страните кои при усвојување на Конвенцијата, го задржале правото да исклучат или изменат одредени одредби според член 20(3) алинеја 2 10 Какви мерки се преземени за да се обезбеди дека производството и/или поседувањето слики/видеа со сексуално експлицитна содржина која децата сами ја направиле не се криминализирани ако вклучуваат деца кои ја достигнале возраста утврдена со примена на член 18(2) каде што овие слики и/или видеа се произведени или ги поседуваат самите деца и за кои истите се согласни и се за сопствена приватна употреба? 10.2. За страните кои при усвојување на Конвенцијата, не го задржале правото да исклучат или изменат одредени одредби според член 20(3) алинеја 2 11 Дали националното право ги криминализира производството и/или поседувањето слики/видеа со сексуално експлицитна содржина која децата сами ги направиле ако вклучуваат деца кои ја достигнале возраста утврдена со примена на член 18(2) каде што такви слики и/или видеа се произведени или ги поседуваат самите деца и со кои истите се согласни и се за сопствена приватна употреба? Прашање 11. Став во законот кој се однесува на сексуално принудување и/или изнудување помогнато со ИКТ Како, според националното право, е регулирано сексуалното принудување и/или изнудување помогнато со ИКТ на деца и/или други лица кои се поврзани со детето претставено во форма на: а. слики и/или видеа со сексуална содржина кои сами ги направиле б. сексуална содржина која сами ја направиле 10 Данска, Германија, Лихтенштајн, Руска федерација, Шведска, Швајцарија. 11 Албанија, Андора, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Република Молдавија, Монако, Црна Гора, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, поранешна Југословенска Република Македонија, Турција и Украина. 8

Прашање 12. Правила за јурисдикција 12 Ве молиме посочете кои правила за јурисдикција под кои услови важат за кривичните дела погоре опишани (прашања 9-11) ако жртвата не била присутна во државата Страна во Конвенцијата кога кривичното дело било извршено или ако сторителот не бил присутен во државата Страна во Конвенцијата кога кривичното дело било извршено. Прашање 13. Специјализирани единици/оддели/одделенија 13.1. Дали постојат специјализирани единици/оддели/одделенија кои се одговорни за справување со сексуални кривични дела против деца, како наведените во овој прашалник (видете ги прашањата 9-11): а. Во службите за спроведување на законот? б. Во обвинителството? в. Во судовите? 13.2. Ве молиме посочете дали постојат специјализирани единици/оддели/одделенија кои се одговорни за справување со сексуални кривични дела против деца помогнати од ИКТ од страна на малолетни престапници. Ве молиме посочете како специјализираните единици/оддели/одделенија погоре наведени (во прашањата 13.1 и прашањата 13.2) се организирани (број на вработени, структура, специјализација во области на ИКТ, итн.)? Во однос на службите за спроведување на законот, ве молиме посочете дали: а. Постои опција за идентификување на жртвата? б. Постои активен придонес за сликовната база на податоци на Интерпол за меѓународна сексуална експлоатација на деца (ICSE)? Доколку не постои, зошто е тоа така? Прашање 14. Предизвици во фаза на кривично гонење Со какви предизвици се соочуваат службите за спроведување на законот, обвинителството и судовите за време на кривичното гонење на сексуални кривични дела помогнати од ИКТ врз деца кои вклучуваат споделување на: а. Слики и/или видеа со сексуално експлицитна содржина направени од самите деца? б. Сексуална содржина направена од самите деца? Прашање 15. Обука на професионален кадар Дали со обуките за професионален кадар се опфатени кривичните дела посочени во овој прашалник (прашања 9-11), како на пример со обуките за: а. Службеници за спроведување на законот (особено дежурни службеници на пријавница)? б. Обвинители в. Судии? Доколку опфаќаат, Ве молиме посочете информации во врска со обуката која се нуди, наведувајќи дали се работи за задолжителна обука? 12 Ве молиме при одговарање на прашањето земете ги предвид барањата наведени во член 25 од Конвенцијата од Ланзароте 9

Партнерства Прашање 16. Меѓународна соработка 16.1. Какви мерки се преземени за соработка со други Страни во Конвенцијата од Ланзароте во однос на: а. Спречување и борба против сексуално принудување и/или изнудување кое е резултат на споделување на слики и/или видеа со сексуално експлицитна содржина направени од самите деца? б. Заштитување и обезбедување помош за жртвите на сексуално принудување и/или изнудување кое е резултат на споделување на слики и/или видеа со сексуално експлицитна содржина направена од самите деца? в. Спроведување истрага и гонење на сексуално принудување и/или изнудување кое е резултат на споделување на слики и/или видеа со сексуално експлицитна содржина направени од самите деца? 16.2. Какви мерки се преземени за соработка со други држави Страни во Конвенцијата од Ланзароте во однос на: а. Спречување и борба против сексуално принудување и/или изнудување кое е резултат на споделување на сексуална содржина направена од самите деца? б. Заштитување и обезбедување помош за жртвите на сексуално принудување и/или изнудување кое е резултат на споделување на сексуална содржина направен од самите деца? в. Спроведување истрага и гонење на сексуално принудување и/или изнудување кое е резултат на споделување на сексуална содржина направена од самите деца? 10