ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ. Автор: Ирена Кацарски-Ќимова, преведувач, конференциски толкувач и консултант за преведувачки процеси

Relaterede dokumenter
ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

Дводимензинални низи во с++

Комитет на Страните на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

Резултат? Одличен крем со богата, кремаста текстура и прекрасен мирис на мед.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА e-banking

Ножeви зa. хaртијa. klever.com.mk. офис ризница

АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА ЉУБЉАНСКИ АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА. [Maкедонски] Решаваме спорови од 1928 година

ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС. Античкиот град Хераклеа Линкестис се наоѓа во непосредна близина на Битола, од неговата јужна страна.

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

740. ЗАКОН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕТО (пречистен текст) I. Законски наследници. Среда, 15 септември 1965 БЕЛГРАД

Број 45 Год. LX Среда, 7 јули 2004 Цена на овој број е 300 денари С О Д Р Ж И Н А 879.

ЕДНОДИМЕНЗИОНАЛНИ НИЗИ

ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ИСХРАНАТА НА РАСТЕНИЈАТА. насока: Лозарство и винарство

Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите

БИЛТЕН NEWSLETTER - БИЛТЕН - GAZETA ВО ОВОЈ БРОЈ ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО БРОЈ 3 ЈУЛИ 2014.

С О Д Р Ж И Н А. Број 61 год. LXVII 29 април 2011, петок Цената на овој број е 450 денари.

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ STOJANOVIĆ ПРОТИВ ХРВАТСКА. (Жалба бр /09 ПРЕСУДА

КОНКУРС. За запишување студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2015/2016 година

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN:

гласило на НАЦИОНАЛНИОТ сојуз на ЛИЦА СО телесен инвалидитет на македонија

Oхридска Банка. Упатство за употреба на мобилниот токен

С О Д Р Ж И Н А. Број 117 Год. LXIII Понеделник, 1 октомври 2007 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

III Масовна рекреативна средба на лица со телесен инвалидитет број 80, ЈУНИ 2014

80. ЗАКЛУЧОЦИ. Врз основа на член 285 став 1 точка 1 од Уставот на СФРЈ и член 136 ст. 2 и 3 од Деловникот на Собранието

Oхридска Банка. мтокен. Упатство за употреба на мобилниот токен

Construction. Едно компонентен санационен малтер за фина завршна обработка EN Опис на Производот. Тест 1 1/5. Одобрувања / Стандарди

БРОЈ 84, ДЕКЕМВРИ

"Сите Ваши соништа можат да се остварат - само ако имате храброст да посегнете по нив" Волт Дизни

Кватернарна превенција. Маг. д-р по мед. Џејми Кореиа де Соуса, Центар за семејна медицина Медицински Факултет Скопје

За адекватна примена на Правилникот и Критериумите во здравствениот систем на Република Македонија, треба да се земат предвид следниве елементи:

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ГОЛЕМ СОВЕТ. СЛУЧАЈ GAFGEN ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА (пријава бр /05)

дури тогаш кога ќе погледнеме наназад.

Подготвиле: Проф. Др. Душко Мукаетов Проф. Др. Димов Зоран Проф. Крум Бошков Инж. Емилија Попоска. Скопје, ноември, 2013 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

674. Член 6. (2) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата

К Р И Т Е Р И У М И. Боледување до 7 дена

Ѓорги Поп-Атанасов МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА

Kонтрола на квалитет на ПET радиофармацевтици. Асс. м-р Катарина Смилков Факултет за медицински науки, оддел Фармација Универзитет Гоце Делчев - Штип

Да ја заштитиме природата

РЕХАУ собен регулатор Nea Привлечен дизајн со лесно ракување MK. Градежништво Автоиндустрија Индустрија

Rabotno vreme: od ponedelnik do petok od 7 do 20 ~asot sabota od 8 do 15 ~asot

АНТИЧКИОТ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР НУМЕНИЈ И ДВА НЕГОВИ РЕЦЕПТИ ЗА ЛЕКОВИ

3-компонентен малтер во комбинација од цемент и епоксид, само-нивелирачка подна кошулица во дебелина од 1.5 до 3 mm

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦА ОД ЕКСПРЕСЕН ПАТ A1: МОСТ НА РЕКА РАЕЦ КЛУЧКА ДРЕНОВО НЕ-ТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ МАЈ, 2014

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. "Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

СПАРК ПРИРАЧНИК НА СОПСТВЕНИКОТ

Тип 2 дијабетес. Справување со тип 2 дијабетес. NICE клинички упатства 87 guidance.nice.org.uk/cg87. Прилог

Одлуки на Основниот Суд Скопје ПРЕСУДА I К.бр.297/07 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОТОКОЛ ЗА УСЛУГИ ВО МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО ИТНИ И КРИЗНИ СОСТОЈБИ И КАТАСТРОФИ ВО ТРАНЗИТНИТЕ ЦЕНТРИ

ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ 13 септември 29 септември октомври 2017

С О Д Р Ж И Н А. Стр Закон за изменување на Законот за јавните патишта Стр.

FM/MW/LW CD ПЛЕЕР CDX-GT (1) Упатство за употреба. За откажување на демонстрацијата (DEMO) на екранот, видете на стр. 12.

Нова LIN. Елегантен ДИЗАЈН, динамична

СТУДИЈА ЗА ОРНИТОЛОШКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПОДРАЧЈЕТО ДОЛНА БРЕГАЛНИЦА

162. Петок, 11 март 1977 БЕЛГРАД

Деловни простории во КОЧАНИ на ул.гоце локал 1-16m ,00 Делчев, КП-9720, ИЛ-13755, КО Кочани, зграда-1, локал-2-21м2 влез-05, кат

СОДРЖИНА. Број 9 20 јануари 2012, петок година LXVIII. Стр.

Програмите се две почетната деветдневна Clean 9, за време на која организмот се ослободува од натрупаните

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА У К А З бр. 16 од година УКАЗ бр УКАЗ бр. 15

Решенија на задачите за I година РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 април 2010 I година

Нова револуција во перењето. Машини за перење и за сушење алишта

Х У БЕ РО ВЕ. (II део) 14.

Австрија. Ав стрија е земја со нај мала невработеност во Евро па. На скии може да поминете над километри

X + Y = ПЕ СМА ИЛИ МО ЈЕ ОСЕ ЋА ЊЕ СВЕ ТА. 1 У К У Т И Ј И РЕ Н Е СА Н СЕ М И РО ЉУ БА

"БУКОВИЧКД БД~t Д АНЪЕЛ ONOI

ОБЈ ЕК Т И ВИ ЗО ВА ЊЕ МО РА Л Н Е Ш Т Е Т Е

Eksamen i anvendt dansk 3 5. årgang 14. februar 2007 Del 1/4 (1 time ingen ordbøger) navn: nr.: 1 Substantiver

ДО П РИ НОС Д Е Ј ВИ Д А Х А Р ВИ ЈА

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Ус т а в н и суд. М и н и с т а р с т в а. Ло ка л н а с а моу п р а в а. Београд, 6. јануар 2014.

СВЕЧАНО УРУЧЕЊЕ НАГРАДА У МАТИЦИ СРПСКОЈ

БЕОГРАДСКА ПОСЛОВНА ШКОЛА ВИСОКА ШКОЛА СТРУКОВНИХ СТУДИЈА

Жеремију и Ани, мојим учитељима Р. Б. Ани, мојој првој читатељки, чије су ми примедбе много помогле Б. К.-П.

O D L U K A. Za rasporeduvawe na neto dobivkata ostvarena po Godi{nata smetka i finansiskite izve{tai za 2017 god. ^l. 1. ^l. 2

а) Нацртај неколико дужи и обележи их. б) Уочи дужи приказане на слици 60.

УНИВЕРЗИТЕТ У НОВОМ САДУ, АКАДЕМИЈА УМЕТНОСТИ НОВИ САД, ЂУРЕ ЈАКШИЋА 7 СТРУКТУРА СТУДИЈСКОГ ПРОГРАМА

МО РАЛ НИ КР СТА ШКИ ПО ХОД ДР ЖА ВЕ НА СП А ВА ЋУ СО БУ: П РЕ К Р Ш А Ј П РО СТ И Т У Ц И Ј Е У НО ВОМ Зо Ј РМ

СА ВРЕ М Е Н Е КОН Ц ЕП Ц И Ј Е И ОРГА Н И ЗА Ц И JE ВОЈ СК Е УСЛО ВЉЕ Н Е Т ЕХ НО ЛО Ш К И М ЗА Х Т Е ВИ М А 1

АКЦИОНАРСКО ДРУШТВО ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ ПУТНИКА СРБИЈА ВОЗ Београд, Немањина 6

MK твојот AVON Претставник Овде сум за да споделувам и да ти бидам водич. Ти треба совет за убавина или мода? WWW

СА ВЕ СНИ УЧЕ НИ ЦИ: УСПЕ ШНИ ЈИ У ШКО ЛИ, АЛИ НЕ И СРЕЋ НИ ЈИ ЗБОГ ТО ГА *

ПРАВИЛА ШИФРИРАЊА У ИНФЕКТОЛОГИЈИ

ВРТ ТВИ ТЕР ПРО ЗА КАО ЕХО УСМЕ НОГ ПРИ ПО ВЕ ДА ЊА. Бранислав Живановић

ИНСТИТУТ ЗА РАТAРСТВО И ПОВРТАРСТВО ул.максима Горког 30 ГУМЕ ЗА ТЕШКА И ЛАКА ВОЗИЛА

МА ТЕ МА ТИЧ КА ПИ СМЕ НОСТ

Факултет организационих наука Центар за пословно одлучивање. Теорија одлучивања. Вишеатрибутивно одлучивање и Вишекритеријумска анализа

Eksamen i anvendt dansk 3 5. årgang 9. februar 2007 Del 1/4 (1 time ingen ordbøger) navn: nr.: 1 Substantiver

ПИ СМО ВУ КА НО ВО ПА ПИ ИНО ЋЕН ТИ ЈУ III**

Тривијални имиња на некои хетероциклични соединенија. хинолин пирол пиридин индол фуран

Copyright Дејан Лучић, 1994 Copyright 2011 за ово издање, ЛАГУНА

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Београд, 31. децембар Година LXX број 147. Цена овог броја је 401 динар Годишња претплата је 36.

Социолошки преглед, vol. XLII (2008), no. 3, стр

Ју би леј. Ју би леј 240-го ди шњи це до се ља вања. Равње добило нову амбуланту. У Инђији отворена деоница пута Р-109

Четврток, 14 октомври 1971 БЕЛГРАД

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА ЈДГ 8 МАРТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2014/2015г.

Тривијални имиоа на некпи хетерпциклични спединенија. хинплин пирпл пиридин индпл фуран

Листа индикација за коришћење продужене рехабилитације у стационарним здравственим установама за рехабилитацију (ЛИСТА ИНДИКАЦИЈА)

РА КЕ ТЕ. За са ви ца у зна ку кам по ва. Да би успе шно од бра ни ли. Трој ке, по сле 18 го ди на бра ка Стра на 22.

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА 2 ИНТЕГРИСАНЕ АКАДЕМСКЕ СТУДИЈE ФАРМАЦИЈЕ ЧЕТВРТА ГОДИНА СТУДИЈА

Transkript:

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ Автор: Ирена Кацарски-Ќимова, преведувач, конференциски толкувач и консултант за преведувачки процеси За Европскиот стандард за преведување EN15038 Што е EN 15038? EN15038 Преведувачки услуги барања во врска со услугите - е првиот европски стандард што се однесува на преведувачките услуги за писмен превод и на сите даватели на преведувачки услуги (самостојни преведувачи, агенции за преведување, преведувачки процеси во фирми), секаде во светот. Со EN15038 се опфатени услугите за писмен превод, но не и за толкување (устен превод). Европскиот комитет за стандардизација (CEN), чии членови се телата за стандардизација на земјите-членки на Европската унија, официјално го објави EN15038 во јуни 2006 година. Што се постигнува со EN15038? EN15038 дава опис и дефиниција на севкупната преведувачка услуга. Примарна цел на овој стандард е да ги утврди и дефинира барањата за обезбедување квалитетна преведувачка услуга. Ги поставува реперите за добра практика и воведува средства за идентификување на оние даватели на преведувачки услуги (физички и правни лица) што се сосредочени врз квалитетот при обезбедувањето на преводот. Прва најважна карактеристика на стандардот е што тој го дефинира процесот на преведување. Притоа, квалитетот на преводот се гарантира со фактот што преводот го прегледуваат и други лица кои не учествувале во создавањето на преводот, односно преводот како таков не е гаранција за квалитет туку претставува само една фаза во процесот. Втората најважна карактеристика е што стандардот ги дефинира професиoналните оспособености на секој учесник во процесот на преведување, а тоа се преведувачите, редакторите (проверка на превод, стручна редакција, уредување) и лекторите. Стандардот ги дефинира следните чекори во процесот на преведување: превод, проверка од преведувачот, проверка од друго лице (редактор на преводот), стручна редакција на превод или уредување на книжевен превод, лектура и конечна верификација. Опфат и дефиниции Стандардот EN15038 јасно се фокусира врз процесот на обезбедување преведувачка услуга и раководењето со тој процесот. Го опфаќа целиот процес на преведување и сите аспекти на обезбедување на преводот како услуга, со што се овозможува следење на процесот и осигурување на квалитетот на преводот.

Исто така, EN15038 ги наведува барањата што треба да ги исполнат давателите на преведувачки услуги (физички и правни лица), а кои се однесуваат на човечките и техничките ресурси, раководењето со квалитетот и со преведувачката работа, договорната рамка и процедурите. Стандардот дава основа за оцена и сертификација, но не содржи спецификации во врска со квалификациски тестирања и сертификација на преведувачи или детални скали за квалитет и сообразност на конечниот превод. Анексите на стандардот содржат информации за регистрирањето на преведувачките работи, техничките подготовки пред преведувањето, анализата на изворниот текст, насоки во врска со стилот и неисцрпна листа на услуги со додадена вредност кои давателите на преведувачки услуги можат да ги вршат покрај преводот. Основни барања во врска со човечките ресурси Преведувачот (физичко лице) мора да ги има најмалку следните оспособености: А) оспособеност за преведување: способност да го пренесе значењето од изворниот на целниот јазик и да создаде текст што ги задоволува лингвистичките правила на целниот јазик и инструкциите за конкретната преведувачка работа, притоа водејќи сметка за терминологијата, граматиката, лексиката, стилот, специфичностите на културата и други конвенции, форматирањето, целната група и целта на преводот. Б) лингвистичка и текстуална оспособеност и во изворниот и во целниот јазик: способност да се разбере изворниот јазик и комплетно познавање на целниот јазик. Тоа подразбира познавање на карактеристиките на различни текстови, од стандарден јазик до многу специјализирани текстови и способност да се примени ова знаење при создавањето на преведените текстови. В) оспособеност за истражување, наоѓање информации и преработка на информациите: способност за ефикасно здобивање со дополнително лингвистичко и специјализирано знаење коешто е неопходно за разбирање на изворниот текст и создавање на преводот. Ова, исто така, подразбира искуство во примена на алатки за истражување и способност за развивање соодветни стратегии за ефикасна примена на достапните извори на информации. Г) оспособеност за разбирање на културните специфичности: способност да се искористат информациите како за изворната така и за целната култура и нејзините конвенции, како и стандардите на однесување и системите на вредности со кои се одликуваат изворната и целната култура. Д) техничка оспособеност: ги опфаќа способностите и вештините што се потребни за професионална подготовка и создавање на преводот, вклучително и способноста за примена

на технички ресурси (комуникациска опрема, хардвер и софтвер, компјутерски преведувачки алатки, пристап до извори на информации и медиуми). Овие оспособености треба да се стекнати со формално високо образование во областа на преведувањето, или еквивалентен степен на образование во друга област и најмалку две години документирано искуство во преведување, или најмалку пет години документирано професионално искуство во преведување. Лицата кои вршат проверка на преводот (редактори на преводот) треба да ги имаат сите горенаведени оспособености и да имаат преведувачко искуство во областа за која станува збор. Тоа се најчесто искусни преведувачи што специјализирале во областа од која е преводот. Стручните редактори треба да се специјализирани во областа од која е преводот и целниот јазик да им е мајчин јазик, или да се специјализирани во таа област на целниот јазик. Тоа се стручњаци во областа од која е преводот (правен, финансиски, технички, медицински и сл.). Давателот на преведувачки услуги кој е правен субјект мора да ја документира постапката за избор на преведувачи со потребните квалификации и оспособености/вештини за секоја преведувачка работа и сите чекори во процесот на преведување. Основни барања во врска со процесот Стандардот ги дефинира следните чекори во процесот на преведување: превод, проверка од преведувачот, проверка од друго лице најчесто квалификуван преведувач (редакција на превод), стручна редакција на превод или уредување на книжевен превод, лектура и конечна верификација. Согласно EN-15038 секоја преведувачка услуга треба да опфаќа најмалку превод и проверка на преведениот текст од редактор на преводот, при што (1) преведувачот, применувајќи ги сите веќе опишани способности, го создава преводот и ја проверува својата работа; (2) потоа редакторот на преводот, кој ги има сите веќе опишани способности, проверува дали преводот одговара на намената, а тоа опфаќа споредба на изворниот и целниот текст, терминологијата, регистарот и стилот, и дава препораки за корективни мерки. Давателот на преведувачката услуга ги спроведува предложените корективни мерки. Една таква мерка може да е одново преведување на текстот. Зависно од намената на преводот, процесот на преведување може да опфаќа и стручна редакција или уредување на преводот, лектура и конечна верификација. Стручната редакција е еднојазична проверка на погодноста на преводот за намената. Стручниот редактор ги проверува содветноста на терминологијата, регистарот и почитувањето на конвенциите во дадената област и, доколку има потреба, предлага

корективни мерки. Давателот на преведувачката услуга ги спроведува предложените корективни мерки. Последните проверки, доколку се бараат како услуга, се лектурата и конечната верификација. Тие задолжително се спроведуваат кога станува збор за преводи што се објавуваат во печатена или електронска форма. Процедури кај преведувачките услуги Стандардот се осврнува на процедурите за раководење со преведувачките работи, подготовката на документите за превод, и самиот превод од страна на правните субјекти даватели на преведувачки услуги, односно агенциите за преведување. Агенциите за преведување мора да ги документираат процедурите што ги спроведуваат за вршење преведувачки работи, за контактите со клиентите, за осигурување на квалитетот и почитување на договореното со клиентите. Едноставно кажано, ова значи дека стандардот поставува две барања: агенцијата за преведување мора да има процедура (опишан начин на спроведување на работите) и мора да води документација во која се наведени целта и опфатот на конкретната преведувачка работа, што ќе се преземе, од кого, кога, каде и како, со кои средства, и како сето тоа се контролира и евидентира. Стандардот, исто така, се осврнува и на регистрирањето на преведувачките работи, доделувањето на преводот на избраниот(те) преведувач(и), техничките ресурси, подготвителниот процес пред преведување, анализата на изворниот текст, терминолошките работи и стилот. Сертификација Стандардот EN 15038 дава основа за оцена и сертификација на давалителите на преведувачки услуги.во Европа и воопшто, во светот, постојат акредитирани фирми и тела кои вршат сертификација на давателите на преведувачки услуги според стандардот EN 15038. При ревизијата што ја спроведуваат, тие проверуваат дали давателот на преведувачки услуги ги разбрал барањата на стандардот и дали ги спроведува преведувачките процеси и постапките за осигурување на квалитет согласно EN15038. По успешна ревизија, давателот на преведувачки услуги добива сертификација за определен временски период, а за обновување на сертификацијата се спроведуваат дополнителни периодични ревизии.наместо ваквата сертификација од страна на акредитирана фирма или тело, давателот на преведувачки услуги може да се одлучи за јавна изјава за усогласеност со стандардот. Практиката во Македонија Стандардот EN 15038 не ѝ е доволно познат на широката јавност во Македонија и нема широка примена бидејќи сè уште не е прифатен како македонски стандард. Поради тоа, кај нас нема акредитирани тела кои што би вршеле сертификација според овој стандард.

Единствена можност што давателите на преведувачки услуги, кои се посветени на осигурување квалитет на услугата, ја имаат кај нас е јавната изјава за усогласеност со стандардот. Ова, секако, не значи дека во Македонија нема квалитетни преведувачи и агенции за преведување. Напротив, има доволен број одлични преведувачи и агенции кои добро си ја знаат и извршуваат работата, но исто така има и многу лоши примери и практики и непознавање на процесот на преведување. Па така, ни се случуваат лоши книжевни преводи и лоши преводи на стручна литература и учебници чии автори се наградувани за своето творештво, креативност и иновација, а кои поради неквалитетниот превод и неследењето на стандардите за преведување стануваат неупотребливи за читателите за кои се наменети. Зошто се случува ова? Токму поради тоа што во Македонија не постои критериум за квалитет, а критериум за квалитет не постои поради општото непознавање на професијата преведувач и на процесот на преведување, непостоењето свест за важноста на преводот за општеството и покрај тоа што огромен дел од општествениот поредок ни се темели врз превод, и поради недостатокот на лесно достапна информација и поука за тоа што е прифатлив превод, а што не. Репер за квалитет мора да постои, а стандардот EN15038 тоа го овозможува за преведувачката индустрија во Македонија. Неговата примена значително ќе ја подобри состојбата. Заклучок Преводот носи голема одговорност а проблемите предизвикани со несоодветен превод често чинат многу повеќе време и пари отколку што би чинел најскапиот преведувач и сите неопходни па дури и дополнителни проверки. Процесот на создавање превод е комплексен, но секоја фаза и секоја проверка носи соодветна и неизбежна тежина. Стандардот EN15038 е сиже на вековната професионална практика во преведувањето (преведувањето е една од најстарите професии во светот!), и не e осамен во својата мисија. Тука се и американскиот стандард ASTM F2575-06, канадскиот стандард CAN/CGSB-131.10-2008 и поопштите стандарди за квалитет ISO 9000. Замислете си ја штетата по македонскиот јазик, по нашата општа култура и знаење и конечно по животот на младите кои учат од несоодветни, дури и многу погрешни преводи. Можеме ли да си дозволиме да не бидеме совесни во врска со преводот на стручни текстови и литература, белетристика и учебници? Како ќе звучи македонскиот јазик по пет или шест генерации кои учат од лошо преведени учебници и читаат лошо преведена белетристика? Реалноста посочува дека стандардот EN15038 треба да се донесе како македонски стандард кој ќе го применуваат сите учесници во преведувачките процеси во Македонија: давателите на преведувачки услуги, како алатка која им осигурува дефиниран процес што ќе им овозможи да

обезбедат квалитетна услуга според барањата на клиентите, и нарачателите на преведувачки услуги, како извор на доволно информации за тоа што треба да бараат и прифатат како соодветна услуга. Термини што се дефинирани во стандардот: давател на преведувачка услуга (TSP) организација или лице што дава преведувачки услуги услуга со додадена вредност услуги што давателот на преведувачки услуги може да ги дава покрај преводот оспособеност (компетентност) демонстрирана способност во примена на знаење и вештини документ медиумот на којшто е запишана информација толкување пренесување на говорно изразени информации од изворниот јазик на целниот јазик во говорна форма регистар збир карактеристики на одреден вид лингвистички текст или говор превод пренесување на текст во писмена форма од изворниот јазик на целниот јазик преведувач лице што преведува изворен текст оригиналниот текст, текстот што се преведува изворен јазик јазик на кој што е напишан изворниот текст целен текст преводот, преведениот текст целен јазик јазик на кој што се преведува изворниот текст културолошки и други конвенции лингвистички, културолошки, технички и географски конвенции на целната група проверка од друго лице (редакција на превод) преводот се проверува дали одговара за договорената намена, се прави споредба на изворниот со преведениот текст, и се препорачуваат корективни мерки лице што врши проверка (редактор на преводот) лицето што ја прави проверката на преводот стручна редакција проверка дали преведениот текст одговара на договорената намена и дали ги почитува конвенциите на областа од која што е, при што се препорачуваат корективни мерки стручен редактор лицето што ја врши стручната редакција лектура лингвистичка проверка на преводот (најчесто пред објавување), се проверува дали во преведениот текст се почитуваат правилата за правопис и синтакса, дали се бројките правилно напишани и сл. Национални стандарди EN 15038 е прифатен како национален стандард во следните земји:

Велика Британија BS EN 15038 Германија DIN EN 15038 Франција NF X50-670 Австрија OENORM EN 15038 Швајцарија SN EN 15038 Шпанија UNE-EN 15038 Финска SFS EN 15038 Италија UNI EN 15038 Полска PKN EN 15038 Естонија EVS-EN 13038 Унгарија MSZ EN 15038