Одлуки на Основниот Суд Скопје ПРЕСУДА I К.бр.297/07 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Relaterede dokumenter
ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. "Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

С О Д Р Ж И Н А. Број 117 Год. LXIII Понеделник, 1 октомври 2007 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

Деловни простории во КОЧАНИ на ул.гоце локал 1-16m ,00 Делчев, КП-9720, ИЛ-13755, КО Кочани, зграда-1, локал-2-21м2 влез-05, кат

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ГОЛЕМ СОВЕТ. СЛУЧАЈ GAFGEN ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА (пријава бр /05)

740. ЗАКОН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕТО (пречистен текст) I. Законски наследници. Среда, 15 септември 1965 БЕЛГРАД

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Дводимензинални низи во с++

АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА ЉУБЉАНСКИ АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА. [Maкедонски] Решаваме спорови од 1928 година

O D L U K A. Za rasporeduvawe na neto dobivkata ostvarena po Godi{nata smetka i finansiskite izve{tai za 2017 god. ^l. 1. ^l. 2

Комитет на Страните на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ STOJANOVIĆ ПРОТИВ ХРВАТСКА. (Жалба бр /09 ПРЕСУДА

Oхридска Банка. Упатство за употреба на мобилниот токен

Oхридска Банка. мтокен. Упатство за употреба на мобилниот токен

Број 45 Год. LX Среда, 7 јули 2004 Цена на овој број е 300 денари С О Д Р Ж И Н А 879.

674. Член 6. (2) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА e-banking

С О Д Р Ж И Н А. Број 61 год. LXVII 29 април 2011, петок Цената на овој број е 450 денари.

АКЦИОНАРСКО ДРУШТВО ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ ПУТНИКА СРБИЈА ВОЗ Београд, Немањина 6

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN:

Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите

80. ЗАКЛУЧОЦИ. Врз основа на член 285 став 1 точка 1 од Уставот на СФРЈ и член 136 ст. 2 и 3 од Деловникот на Собранието

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА У К А З бр. 16 од година УКАЗ бр УКАЗ бр. 15

КОНКУРС. За запишување студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2015/2016 година

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ножeви зa. хaртијa. klever.com.mk. офис ризница

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

ЕДНОДИМЕНЗИОНАЛНИ НИЗИ

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ. Автор: Ирена Кацарски-Ќимова, преведувач, конференциски толкувач и консултант за преведувачки процеси

ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС. Античкиот град Хераклеа Линкестис се наоѓа во непосредна близина на Битола, од неговата јужна страна.

С О Д Р Ж И Н А. Стр Закон за изменување на Законот за јавните патишта Стр.

БРОЈ 84, ДЕКЕМВРИ

ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ИСХРАНАТА НА РАСТЕНИЈАТА. насока: Лозарство и винарство

162. Петок, 11 март 1977 БЕЛГРАД

Подаци катастра непокретности 1. Подаци о парцели :38:32 Није службена исправа

2/20/2018. е по тој оп те п ће де ј е т к под ут (по ђе ) у у к пл т.

гласило на НАЦИОНАЛНИОТ сојуз на ЛИЦА СО телесен инвалидитет на македонија

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦА ОД ЕКСПРЕСЕН ПАТ A1: МОСТ НА РЕКА РАЕЦ КЛУЧКА ДРЕНОВО НЕ-ТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ МАЈ, 2014

ОБЈ ЕК Т И ВИ ЗО ВА ЊЕ МО РА Л Н Е Ш Т Е Т Е

БИЛТЕН NEWSLETTER - БИЛТЕН - GAZETA ВО ОВОЈ БРОЈ ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО БРОЈ 3 ЈУЛИ 2014.

Х У БЕ РО ВЕ. (II део) 14.

СОДРЖИНА. Број 9 20 јануари 2012, петок година LXVIII. Стр.

3-компонентен малтер во комбинација од цемент и епоксид, само-нивелирачка подна кошулица во дебелина од 1.5 до 3 mm

Резултат? Одличен крем со богата, кремаста текстура и прекрасен мирис на мед.

ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ 13 септември 29 септември октомври 2017

П Р Е Г Л Е Д ОДУЗЕТИХ ДОЗВОЛА ЗА ОБАВЉАЊЕ ПОСЛОВА ИЗ ДЕЛАТНОСТИ ОСИГУРАЊА 1. Број решења НБС о одузимању дозволе. Г. бр

X + Y = ПЕ СМА ИЛИ МО ЈЕ ОСЕ ЋА ЊЕ СВЕ ТА. 1 У К У Т И Ј И РЕ Н Е СА Н СЕ М И РО ЉУ БА

АНТИЧКИОТ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР НУМЕНИЈ И ДВА НЕГОВИ РЕЦЕПТИ ЗА ЛЕКОВИ

К Р И Т Е Р И У М И. Боледување до 7 дена

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

III Масовна рекреативна средба на лица со телесен инвалидитет број 80, ЈУНИ 2014

Нова револуција во перењето. Машини за перење и за сушење алишта

СВЕЧАНО УРУЧЕЊЕ НАГРАДА У МАТИЦИ СРПСКОЈ

ДО П РИ НОС Д Е Ј ВИ Д А Х А Р ВИ ЈА

СА ВРЕ М Е Н Е КОН Ц ЕП Ц И Ј Е И ОРГА Н И ЗА Ц И JE ВОЈ СК Е УСЛО ВЉЕ Н Е Т ЕХ НО ЛО Ш К И М ЗА Х Т Е ВИ М А 1

МО РАЛ НИ КР СТА ШКИ ПО ХОД ДР ЖА ВЕ НА СП А ВА ЋУ СО БУ: П РЕ К Р Ш А Ј П РО СТ И Т У Ц И Ј Е У НО ВОМ Зо Ј РМ

СПАРК ПРИРАЧНИК НА СОПСТВЕНИКОТ

П Р Е Г Л Е Д ОДУЗЕТИХ ДОЗВОЛА ЗА ОБАВЉАЊЕ ПОСЛОВА ИЗ ДЕЛАТНОСТИ ОСИГУРАЊА 1. Број решења НБС о одузимању дозволе. Г. бр

БЕОГРАДСКА ПОСЛОВНА ШКОЛА ВИСОКА ШКОЛА СТРУКОВНИХ СТУДИЈА

Rabotno vreme: od ponedelnik do petok od 7 do 20 ~asot sabota od 8 do 15 ~asot

Ѓорги Поп-Атанасов МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА

За адекватна примена на Правилникот и Критериумите во здравствениот систем на Република Македонија, треба да се земат предвид следниве елементи:

"БУКОВИЧКД БД~t Д АНЪЕЛ ONOI

Construction. Едно компонентен санационен малтер за фина завршна обработка EN Опис на Производот. Тест 1 1/5. Одобрувања / Стандарди

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА 2 ИНТЕГРИСАНЕ АКАДЕМСКЕ СТУДИЈE ФАРМАЦИЈЕ ЧЕТВРТА ГОДИНА СТУДИЈА

П Р Е Г Л Е Д ОДУЗЕТИХ ДОЗВОЛА ЗА ОБАВЉАЊЕ ПОСЛОВА ИЗ ДЕЛАТНОСТИ ОСИГУРАЊА 1. Број решења НБС о одузимању дозволе. Г. бр

СТУДИЈА ЗА ОРНИТОЛОШКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПОДРАЧЈЕТО ДОЛНА БРЕГАЛНИЦА

Подготвиле: Проф. Др. Душко Мукаетов Проф. Др. Димов Зоран Проф. Крум Бошков Инж. Емилија Попоска. Скопје, ноември, 2013 год.

ПРОТОКОЛ ЗА УСЛУГИ ВО МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО ИТНИ И КРИЗНИ СОСТОЈБИ И КАТАСТРОФИ ВО ТРАНЗИТНИТЕ ЦЕНТРИ

1 Substantiver Russisk operer med tre grammatiske køn eller genera: maskulinum, neutrum og femininum.

а) Нацртај неколико дужи и обележи их. б) Уочи дужи приказане на слици 60.

дури тогаш кога ќе погледнеме наназад.

FM/MW/LW CD ПЛЕЕР CDX-GT (1) Упатство за употреба. За откажување на демонстрацијата (DEMO) на екранот, видете на стр. 12.

Eksamen i anvendt dansk 3 5. årgang 14. februar 2007 Del 1/4 (1 time ingen ordbøger) navn: nr.: 1 Substantiver

Kонтрола на квалитет на ПET радиофармацевтици. Асс. м-р Катарина Смилков Факултет за медицински науки, оддел Фармација Универзитет Гоце Делчев - Штип

СЕРИЯ колонны

Програмите се две почетната деветдневна Clean 9, за време на која организмот се ослободува од натрупаните

Кватернарна превенција. Маг. д-р по мед. Џејми Кореиа де Соуса, Центар за семејна медицина Медицински Факултет Скопје

Австрија. Ав стрија е земја со нај мала невработеност во Евро па. На скии може да поминете над километри

DEN HEMMELIGE AGENTS HÅNDBOG TIL SPROGUDFOR- DRINGER

DEN HEMMELIGE AGENTS HÅNDBOG TIL SPROGUDFOR- DRINGER

ОСНОВНА ШКОЛА "РАДОЈКА ЛАКИЋ" АЛЕКСАНДРА КОСТИЋА бр.1-7. Београд КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА НАБАВКА ДОБАРА - ЕЛЕКТРИЧНЕ ЕНЕРГИЈЕ

Жеремију и Ани, мојим учитељима Р. Б. Ани, мојој првој читатељки, чије су ми примедбе много помогле Б. К.-П.

Број февруари 2015, вторник година LXXI

Нова LIN. Елегантен ДИЗАЈН, динамична

"Сите Ваши соништа можат да се остварат - само ако имате храброст да посегнете по нив" Волт Дизни

Решенија на задачите за I година РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 април 2010 I година

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ООМТ факултетининг 2-курс 3-семестр (кузги семестр) 2018/2019 укув йили. Ауд. Физик-коллоид кимё (Маъруза) проф. Нуруллаев Ш.П.

Овим обавештавамо понуђаче да ће се измењене стране Конкурсне документације објавити на Порталу јавних набавки и интернет страници Наручиоца.

Altid klar til at hjælpe. Registrer dit produkt, og få support på MT3120. Spørgsmål? Kontakt Philips.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЈАВНА НАБАВКА МАЛЕ ВРЕДНОСТИ НАБАВКА ДОБАРА КОЖНЕ ТУБЕ ЗА ДИПЛОМЕ ЗА ПОТРЕБЕ ФАКУЛТЕТА МЕДИЦИНСКИХ НАУКА

СОДРЖИНА НА ПОНДАТА РАСПОРЕД ПО ТЕРМИНИ

б

JАВНИ ПОЗИВ ЗА УЧЕШЋЕ НА ЈАВНИМ АУКЦИЈАМА

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА ЈДГ 8 МАРТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2014/2015г.

Altid klar til at hjælpe. Registrer dit produkt, og få support på M110. Spørgsmål? Kontakt Philips.

МА ТЕ МА ТИЧ КА ПИ СМЕ НОСТ

ИНСТИТУТ ЗА РАТAРСТВО И ПОВРТАРСТВО ул.максима Горког 30 ГУМЕ ЗА ТЕШКА И ЛАКА ВОЗИЛА

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Ус т а в н и суд. М и н и с т а р с т в а. Ло ка л н а с а моу п р а в а. Београд, 6. јануар 2014.

Transkript:

Одлуки на Основниот Суд Скопје 1 12.04.2007 ПРЕСУДА I К.бр.297/07 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСНОВЕН СУД СКОПЈЕ I СКОПЈЕ како првостепен кривичен суд во совет составен од судијата Љиљана Ивановска Шопова, како претседател на советот, редовниот судија Весна Димишкова како член на советот и судиите поротници Весна Павиќ, Блага Пановска, Ристана Стојаноска Коцева, како членови на советот, со записничар Грозданка Вељковиќ, судски работник, постапувајќи по кривичниот предмет оформен по обвинителен акт на Јавното обвинителство на РМ-Одделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата- Скопје КО.бр.27/2006 од 09.02.2007 година против обвинетите Никола Стоименовиќ и др, и тоа обвинетиот Никола Стоименовиќ за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст. 3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, кривично дело-измама од член 247 ст. 4 в.в. со ст.1 и в.в со чл.22 од Кривичниот законик, и кривично дело- Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст.6 вв со чл.45 од Кривичниот законик, обвинетиот Иснифарис Џемаили за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст. 3 в.в. со ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, обвинетите Муамет Арифи и Душан Стојанов за кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст. 3 в.в. со ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетите Ленче Димчевска и Спасе Димитров за кривично дело-измама од чл.247 ст.4 в.в. со ст.1 и в.в со чл.22 од Кривичниот законик, обвинетиот Ордан Миланоски за кривично дело - Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и ст.2 од Кривичниот законик, обвинетиот Саша Андоновски за едно кривично дело-злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, обвинетата Емилија Алексова за кривично дело- Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1 и в.в. со чл.45 од Кривичниот законик, обвинетата Гроздана Манасиевска за кривично дело - Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.2 вв со ст.1 од Кривичниот законик, обвинетиот Саша Славковиќ за кривично дело - Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.2 вв со ст.1 од Кривичниот законик, обвинетата Гордана Ракочевиќ за кривично дело- Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 4 в.в со ст.3 и 1 од Кривичниот законик, обвинетиот Михаил Ќосев за кривично дело- Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 4 в.в со ст.3 и 1 од Кривичниот законик, обвинетата Борка Спасојевиќ за кривично дело - Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 вв со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетиот Радослав Смилчевски за едно кривично дело-злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.3 в.в. со ст.1 вв со чл.24 од Кривичниот законик,

обвинетите Томислав Трајковски, Зоран Велкоски, Тодора Миланоска, Светлана Симоновска, Мирко Николов, и Миле Наумчески за по едно кривично дело-перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.2 вв со ст.1 од Кривичниот законик, обвинетиот Крсте Иловски за кривично дело-перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст.1 од Кривичниот законик, по одржаниот главен, јавен и усмен претрес на 10.04.2007 година, во присуство на застапникот на ЈО на РМ од Одделение за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата- Скопје Гордана Ѓешкоска, обв. Никола Стоименовиќ, неговите бранители Ѓорѓи Настевски, Сашка Блажевска, адвокати од С., обв.иснифарис Џемаили, неговите бранители Миле Петровски и Гордана Митовска, адвокати од С., обв. Муамет Арифи, неговиот бранител Љупчо Коцевски, адвокат од С., обв.душан Стојанов, неговиот бранител, Тони Атанасовски, адвокат од Т., обв. Ленче Димчевска, нејзиниот бранител, Ефто Спировски, адвокат од С., обв.спасе Димитров, неговите бранители Боро Тасевски и Крсте Јанчевски, адвокати од С., обв. Ордан Миланоски, неговиот бранител по службена должност, Лилјана Митковска, адвокат од С., обв.саша Андоновски, неговите бранители Јован Јоанидис и Мирослав Вуиќ, адвокати од С., обв.емилија Алексова, нејзините бранители Богољуб Софрониевски и Љупчо Ивановски, адвокати од С., обв.гроздана Манасиевска, обв. Мирко Николов, нивниот бранител по службена должност, Стојан Тодоров, адвокат од С., обв. Саша Славковиќ, неговиот бранител, Еленко Миланов адвокат од С., обв.гордана Ракочевиќ, нејзините бранители Владимир Ракочевиќ, Сашо Додевски и Мирослав Вуиќ адвокати од С., Зоран Тофиловски, адвокат од Т., обв.михаил Ќосев, неговите бранители Јово Вангеловски и Билјана Јовановска, адвокати од С., обв.борка Спасојевиќ, нејзиниот бранител Александра Малева, адвокат од С., обв. Светлана Симоновска, нејзините бранители Светлана Савиќ и Иво Савиќ, адвокати од С., обв.радослав Смилчевски, неговите бранители Весна Деловска и Пане Топузовски, адвокати од С., обв.томислав Трајковски, обв. Зоран Велкоски, и обв. Тодора Миланоска, нивниот бранител по службена должност, Цвета Поп Трајкова, адвокат од С., обв. Крсте Иловски, неговиот бранител Виолета Василева Цветановска, адвокат од С., обв.миле Наумчески, неговиот бранител Дарко Стефановски, адвокат од С., ја донесе и јавно објави на 12.4.2007. година следната I П Р Е С У Д А ОБВИНЕТИТЕ: 1. НИКОЛА СТОИМЕНОВИЌ од мајка Б., роден на година во С., каде и живее на ул во с.о., со ЕМБГ, Србин, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено високо образование-

Правен факултет, нотар, моментално невработен, живее во вонбрачна заедница, татко на едно малолетно дете, војска служел година во П. и Ѓ., во воена евиденција се води при СО Г.Б., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година, од каде се брани. 2. ИСНИФАРИС ЏЕМАИЛИ од татко Б. и мајка А., родeн на година во с. К.-Т., по лична карта во С. на ул, со други адреси на ул во С. и с.к.-т., со ЕМБГ, Албанец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено високо образование, се занимава со сточарство-сопственик на стадо од 1300-1400 овци, женет, татко на пет деца, војска служел година во С., во воена евиденција се води при Со Ц., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 29.11.2006 година до 12.04.2007 година. 3. МУАМЕТ АРИФИ од татко М. и мајка Ќ., родeн на година во Т., каде и живее на ул, со ЕМБГ, Албанец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено високо образование- Ветеринарен факултет во Б., ветеринарен лекар, сопственик на ветеринарна амбуланта Е. с.к.-т., женет, татко на едно полнолетно дете, војска служел година во Школа за резервни воени офицери во С., во воена евиденција се води при СО Т., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 22.01.2007 година до 12.04.2007 година. 4. ДУШАН СТОЈАНОВ од татко К. и мајка Н., роден на година во К., живее во Т. на ул влез стан, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено вишо образование- фискултурна школа, вработен во МВР на РМ-ПС Ж., женет, татко на едно малолетно детеа, војска не служел, во воена евиденција се води при СО К., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 23.01.2007 година до 12.04.2007 година. 5. ЛЕНЧЕ ДИМЧЕВСКА од татко Т. и мајка С., родена на година во С., каде и живее на бул, со ЕМБГ, Македонка, државјанин на Република Македонија, писмена со завршено високо образование-правен факултет, адвокат, мажена, мајка на две полнолетни деца, неосудувана, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година до 12.04.2007 година. 6. СПАСЕ ДИМИТРОВ од татко В. и мајка З., роден на година во С., каде и живее на ул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на РМ, писмен со завршено средно образование, сопственик на автомеханичарски сервис М.Ш., женет, татко на две малолетни деца, војска служел година во Б.Л., во воена евиденција се води при СО Ч., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година до 12.04.2007 година. 7. ОРДАН МИЛАНОСКИ од татко Б. и мајка Б., роден на година во П., живее во С. на бул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено средно образование, инвалидски пензионер, женет, деца нема, војска служел година во Р. и Т., не се води во воена евиденција, неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година до 12.04.2007 година.

8. САША АНДОНОВСКИ од татко Ѓ. и мајка З., роден на година во С., каде и живее на ул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено високо образование-правен факултет, адвокат, женет, татко на едно малолетно малолетни дете, војска служел година во Г.М. и Б., во воена евиденција се води при СО К., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 12.01.2007 година до 12.04.2007 година. 9. ЕМИЛИЈА АЛЕКСОВА од татко Ј. и мајка Н., родена на година во С., каде и живее на ул, со ЕМБГ, Македонка, државјанин на Република Македонија, писмена со завршено високо образование-правен факултет, извршител, мажена, мајка на две малолетни деца, неосудувана, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година до 12.04.2007 година. 10. ГРОЗДАНА МАНАСИЕВСКА од татко Т. и мајка А., родена на година во С., каде и живее на ул, со ЕМБГ, Македонка, државјанин на Република Македонија, писмена со завршено основно образование, стечаен работник, мажена, мајка на две полнолетни деца, неосудувана, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година до 12.04.2007 година. 11. САША СЛАВКОВИЌ од татко Д. и мајка М., роден на година во С., каде и живее на ул, со ЕМБГ, Србин, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено средно образование, сопственик на фирма во Р.Б. и во С. М., се занимава со откуп на железо, женет, татко на две малолетни деца, војска служел година во З., во воена евиденција се води при СО К., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година до 12.04.2007 година. 12. ГОРДАНА РАКОЧЕВИЌ од татко А. и мајка М., родена на година во С.-СР С., живее во С. на ул, со ЕМБГ, Србинка, државјанин на Република Македонија, писмена со завршено високо образование-правен факултет, нотар, мажена, мајка на две полнолетни деца, неосудувана, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година до 12.04.2007 година. 13. МИХАИЛ ЌОСЕВ од татко Т. и мајка С., роден на година во С., живее во С. на ул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено високо образование- Правен факултет, нотар, женет, татко на две деца од кои едно малолетно, војска служел година во Б., во воена евиденција се води при СО К., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 22.01.2007 година до 12.04.2007 година. 14. БОРКА СПАСОЈЕВИЌ од татко В. и мајка В., родена на година во Б.-Р.С., живее во С. на ул, со ЕМБГ, Србинка, државјанин на Република Македонија, писмена со завршено средно образование, инвалидски пензионер, мајка на едно полнолетно дете, неосудувана, не се води постапка за друго кривично дело, се брани од слобода. 15. ТОМИСЛАВ ТРАЈКОВСКИ од татко Ѓ. и мајка П., роден на година во С., по лична карта се води на ул во С., а живее на во шупа, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено основно образование-вечерна школа, невработен, пензионер, женет, татко на три полнолетни деца, војска не служел-ослободен, не се води во воена евиденција, неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, се брани од слобода.

16. ЗОРАН ВЕЛКОСКИ од татко П. и мајка С., роден на година во С., каде и живее на бул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено средно образование, невработен, вдовец, татко на едно малолетно дете, војска служел година во Ш. и С., во воена евиденција се води при СО Г.Б., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, се брани од слобода. 17. ТОДОРА МИЛАНОСКА од татко Т. и мајка Д., родена на година во С., каде и живее на бул, со ЕМБГ, Македонка, државјанин на Република Македонија, писмена со завршено средно образование, невработена, мажена, мајка на две полнолетни деца, неосудувана, не се води постапка за друго кривично дело, се брани од слобода. 18. СВЕТЛАНА СИМОНОВСКА од татко Г. и мајка Р., родена на година во С., каде и живее на бул, со ЕМБГ, Македонка, државјанин на Република Македонија, писмена со завршено високо образование-економски факултет, невработена, немажена, неосудувана, не се води постапка за друго кривично дело, се брани од слобода. 19. МИРКО НИКОЛОВ од татко М. и мајка С., роден на година во Б., живее во С. на ул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено основно образование, стечаен работник, женет, татко на две полнолетни деца, војска служел година во Б. и Б., во воена евиденција се води при СО Г.Б., неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, се брани од слобода. 20. МИЛЕ НАУМЧЕСКИ од татко Н. и мајка Д., роден на година во С., каде и живее на ул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на Република Македонија, писмен со завршено средно образование, сопственик и управител на фирмите М.И. и М.П., женет, татко на две малолетни деца, војска служел година во С., во воена евиденција се води при СО К., неосудуван, се води постапка за друго кривично дело, во притвор од 30.11.2006 година од 20,30 часот до 29.12.2006 година, се брани од слобода. 21. КРСТЕ ИЛОВСКИ од татко Л. и мајка В., роден на година во с.с. В., живее во С. на ул, со ЕМБГ, Македонец, државјанин на РМ, писмен со завршено вишо образование-економска школа, инвалидски пензионер, вдовец, татко на две малолетни деца, војска не служел-ослободен, во воена евиденција не се води, неосудуван, не се води постапка за друго кривично дело, се брани од слобода. В И Н О В Н И С Е ЗАТОА ШТО: 1. Обвинетиот Никола Стоименовиќ, како службено лице-нотар за општина К., С., со нотарска канцеларија на ул во С., во периодот од втората половина на 2001 година до месец март 2005

година, со пречекорување на границите на своето службено овластување, прибавил значителна имотна корист во износ од 40.958.916,00 денари од кои износ од 7.999.000,00 денари за себе, износ од 19.895.912,00 денари за обвинетата Марија Дубровска, износ од 13.064.004,00 денари за обвинетиот Иснифарис Џемаили, а на државата-република Македонија нанел значителна штета во износ од 44.462.585,00 денари на начин што иако согласно чл.32 ст.3 од Законот за вршење на нотарски работи, не смеел истовремено да работи и како адвокат, со намера со судска пресуда да издејствува исплата на надомест на штета по основ убиена и повредена стока овци, коњи, ждребиња, уништени канти за сирење и изгубена добивка, како резултат на наводно ракетирање извршено на 27.06.2001 од хеликоптери на АРМ, на бачило во место викано В., КО К., на падините на Ш.П., кое обвинетиот Иснифарис Џемаили го користел, во име на истиот, како тужител изготвил тужба против Република Македонија, како тужен и две ветеринарни потврди во име на Ветеринарна амбуланта Е. од с.к.-т. и тоа една со датум 12.04.2001 год. со невистинита содржина како да во периодот од 09.04. до 12.04.2001 год., бил извршен ветеринарен-клинички преглед на стадо ситен добиток од 2150 грла овци и на крупен добиток 17 крави, 13 телиња и 22 коњи сопственост на обвинетиот Иснифарис Џемаили и една со датум 21.04.2001 год. со невистинита содржина како да во периодот од 14.04.2001 год до 21.04.2001 год. бил извршен преглед на стадо ситен добиток од 3820 грла овци и на крупен добиток 15 крави, 15 телиња и 27 коњи, сопственост на обвинетиот Иснифарис Џемаили, кои заедно со тужбата, потпишана од обвинетиот Иснифарис Џемаили и службена белешка со датум 28.06.2001 година, евидентирана во СВР- Тетово на 18.10.2001 година, а со невистинита содржина како да на 27.06.2001 година од хеликоптери на АРМ било извршено ракетирање на бачилото на обвинетиот Иснифарис Џемаили, на 11.12.2001 година ги доставил до Основниот суд Скопје I Скопје, по кое во текот на првата половина на 2002 година, за формално застапување на обвинетиот Иснифарис Џемаили, како тужител во парничната постапка по тужбата заведена под П. Бр 2904/01, изготвил полномошно на име Е.Г., адвокат од С. и уште една ветеринарна потврда во име на Ветеринарна амбуланта Е. од с.к.-т. со датум 12.08.2001 година, со невистинита содржина како да во периодот од 25.07.2001 год. до 12.08.2001 год. бил извршен ветеринарен преглед на 5041 грла овци од расата вкрстена т.е. оплеменета домашна со виртенберска (германска) овца сопственост на обвинетиот Иснифарис Џемаили, кои биле доставени до судот, а врз основа на кои потврди и службена белешка била донесена меѓупресуда П. Бр 2904/01 од 10.12.2002 година, со која било уважено тужбеното барање по однос на основот, а по донесувањето на правосилна пресуда П.бр. 2904/01 од 18.06.2004 год. со која тужената РМ Министерство, била задолжена на обвинетиот Иснифарис Џемаили, на име надомест на штета да му исплати износ од 25.177.868,00 денари со камата сметано од 11.12.2001 год. до исплатата и да му ги надомести трошоците во постапката во износ од 206.180,00 денари, изготвил и до судот доставил предлог за извршување по кој, врз основа на решение на Основниот суд Скопје I Скопје, И бр.2652/04 од 12.10.2004 година, за присилно извршување по правосилната пресуда, во периодот од 28.12.2004 год. до 27.01.2005 година, од трезорската сметка на Министерството за одбрана, на денарска штедна книшка бр, отворена на 12.03.2004 год. во Извозна и кредитна банка АД С. на име на обвинетиот Иснифарис Џемаили биле префрлени парични средства од значителна вредност во вкупен износ од 44.462.585,00 денари, во што со ставање средства за располагање за извршување на кривичното дело со умисла му помогнале обвинетите Иснифарис Џемаили, Муамет Арифи и Душан Стојанов, на начин што

обвинетиот Иснифарис Џемаили прифатил да се јави како тужител, како таков ја потпишал тужбата, полномошно за застапување во парничната постапка, предлогот за извршување и на сопствена штедна книшка го примил досудениот надомест, обвинетиот Муамет Арифи трите ветеринарни потврди своерачно ги потпишал и на истите ставил округол печат од Ветеринарна амбуланта Е. од с.к.-т., а обвинетиот Душан Стојанов, со тоа што ја изготвил службената белешка со датум 28.06.2001 година, евидентирана во СВР-Тетово на 18.10.2001 година, а сето тоа иако четворицата обвинети знаеле дека не било извршено ракетирање на бачилото на обвинетиот Иснифарис Џемаили и дека истиот не поседува стадо ситен добиток-овци во количина наведена во ветеринарните потврди, со што на државата-република Македонија нанеле значителна штета во наведениот износ. 2. Обвинетиот Иснифарис Џемаили, откако на сопствена денарска штедна книшка бр, отворена на 12.03.2004 год. во Извозна и кредитна банка АД С., го примил досудениот надомест по правосилната пресуда на Основниот суд Скопје I Скопје, П.бр. 2904/01 од 18.06.2004 година, во вкупен износ од 44.462.585,00 денари што го прибавил со кривичното дело од точка еден од диспозитивот, така примените парични средства од поголема вредност со пренос на други денарски штедни книшки отворени во И.к.б. АД С., ги пуштил во оптек на начин што откако на 28.12.2004 година на свое име отворил уште една денарска штедна книшка бр - на 29.12.2004 година, од штедната книшка бр. 8271000-201100005984 на новоотворената штедна книшка бр. 8271000-201100008045, пренел пари во износ од 5.940.903,00 денари, на денарска штедна книшка бр. 8271000-201100007561 отворена на 02.10.2004 година на име на лицето Д.М., мајка на обвинетата Марија Дубровска, пренел пари во износ од 2.722.851,00 денари, како да истите се пренесуваат по основ на враќање на заем и на денарска штедна книшка бр. 8271000-201100008053 пренел пари во износ од 495.200,00 денари, отворена на 29.12.2004 година на име на обвинетиот Спасе Димитров, како да истите се пренесуваат по основ на договор за купопродажба, а на 19.01.2005 година на новоотворената штедна книшка бр. 8271000-201100008045 пренел пари во износ од 18.039.600,00 денари, - на 17.01.2005 година, од штедната книшка бр на денарската штедна книшка бр отворена на име на лицето Д.М., пренел пари во износ од 14.471.571,00 денари, како да истите се пренесуваат по основ на враќање на заем, - на 17.01.2005 година, на обвинетата Марија Дубровска, врз основа на полномошно од 24.11.2004 година, и овозможил да од штедната книшка бр во готовина подигне пари во износ од 2.700.000,00 денари,

- на 29.10.2004 година, од новоотворената штедна книшка бр на штедна книшка бр, отворена истиот ден на име на обвинетиот Ордан Миланоски, пренел пари во износ од 2.480.000,00 денари, а на 26.01.2005 година пари во износ од 8.426.430,00 денари, во двата наврати како да истите се пренесуваат по основ на враќање на заем, - во периодот од 29.12.2004 година до 13.09.2005 година, од штедната книшка брoj 8271000-201100005984 во готовина подигнал пари во износ од 92.460,00 денари, а од штедната книшка бр. 8271000-201100008045 пари во готовина во износ од 12.974.133,00 денари со камата или од двете штедни книшки подигнал и присвоил пари во вкупен износ од 13.064.004,00 денари, на кој начин прикрил дека паричните средства во вкупен износ од 44.462.585,00 денари, потекнуваат од кривично дело. 3. Обвинетиот Ордан Миланоски, во периодот од 29.12.2004 година до 26.01.2005 година, примил пари од поголема вредност во вкупен износ од 10.906.430,00 денари, за кои знаел дека се прибавени со казниво дело, на начин што на штедна книшка број 8271000-201100008070 отворена на 29.12.2004 година во И.к.б. АД С. на негово име, истиот ден примил пари во износ од 2.480.000,00 денари и на 26.01.2005 година во износ од 8.426.430,00 денари, пренесени од штедна книшка бр.8271000-201100008045, отворена во истата банка на име на обвинетиот Иснифарис Џемаили, како да истите се пренесуваат по основ на враќање на заем, а на 30.12.2004 година во готовина подигнал износ од 2.400.000,00 денари и на 17.02.2005 година износ од 495.200,00 денари, па истиот ден од неговата штедна книшка, на штедна книшка бр.8271000-201100008509 отворена тој ден, во Извозна и кредитна банка АД С. на име на обвинетата Борка Спасојевиќ, пренел пари во износ од 7.999.000,00 денари како да истите се пренесуваат по основ на враќање на заем, по кое на 03.02.2006 година на штедната книшка уплатил готовина во износ од 2.000.000,00 денари и истиот ден овој износ по основ на договор за заем од 03.02.2006 година го пренел во С.б. АД С. на сметка на Ветеринарна болница ДОО С., на која управител е лицето Д.А., сопруг на обвинетата Емилија Алексова, a на кој начин прикрил дека парите потекнуваат од казниво дело, а за себе присвоил пари во износ од 2.895.200,00 денари. 4. Oбвинетиот Никола Стоименовиќ, во периодот од 17.02.2005 година до 29.11.2005 година, примил пари од поголема вредност во вкупен износ од 10.999.000,00 денари, за кои знаел дека се прибавени со со казниво дело, на начин што на штедна книшка број 8271000-201100008509 отворена на 17.02.2005 година во И.к.б. АД С. на име на неговата мајка, обвинетата Борка Спасојевиќ, истиот ден примил пари во износ од 7.999.000,00 денари, пренесени од штедната книшка број 8271000-201100008070 на име на обвинетиот Ордан Миланоски, како да истите се пренесуваат по основ на враќање на заем, а на 29.11.2005 година во готовина уплатил износ од 3.000.000,00 денари, а во периодот од 8.06.2005 до 18.05.2006 година, од таа штедна книшка во готовина подигнал пари во вкупен износ од 11.070.000,00 денари, за кои знаел дека се прибавени со казниво дело и тоа на 8.06.2005 година износ од 520.000,00 денари, на 23.09.2005 година износ од 950.000,00 денари, на 26.10.2005 година износ од 6.400.000,00 денари, на 3.02.2006 година износ од 2.000.000,00 денари, на 12.04.2006 година износ од 200.000,00 денари и на 18.05.2006 година износ од 1.000.000,00 денари, во што со умисла, со ставање средства за располагање за извршување на кривичното дело му помогнала обвинетата Борка Спасојевиќ на

начин што на 17.02.2005 година во Извозна и кредитна банка АД С. на свое име ја отворила штедната книшка број 8271000-201100008509 и му дала полномошно за располагање со истата, a на кој начин обвинетите Борка Спасојевиќ и Никола Стоименовиќ прикриле дека парите потекнуваат од казниво дело, а за кои пари обвинетата Борка Спасојевиќ била должна и можела да знае дека се прибавени со казниво дело, при што обвинетиот Никола Стоименовиќ, присвоил дел од подигнатата готовина во износ од 7.670.000,00 денари. 5. Обвинетите Никола Стоименовиќ, Ленче Димчевска и Спасе Димитров, во текот на 2001 година со намера за себе и за друг да прибават противправна имотна корист и тоа обвинетите Никола Стоименовиќ и Спасе Димитров со лажно прикажување и прикривање на факти, а обвинетата Ленче Димчевска со прикривање на факти, ги довеле и до месец септември 2006 година одржувале во заблуда оштетените Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., на начин што откако обвинетиот Спасе Димитров, преку неговата сопруга Д.Д., од лицето М.Д., сопруга на оштетениот С.Д., ја зел документацијата за одземен имот од покојните С.Д. и Б.К.Д. и истата ја предал на обвинетиот Никола Стоименовиќ, на 06.10.2001 година во нотарската канцеларија на обвинетиот Никола Стоименовиќ, која што се наоѓа на ул во С., обвинетиот Никола Стоименовиќ, во присуство на обвинетиот Спасе Димитров, лажно им прикажал дека за враќање на одземениот имот земјиште потребно е само да го потпишат она што тој им го дал и дека сето останато по однос на враќањето на земјиштето е негова работа, со што ги навел да на штета на својот имот потпишат полномошна согласно кои помеѓу другото, обвинетата Ленче Димчевска, ја овластиле да ги застапува пред сите органи и служби во врска со спроведување на донесено решение за денационализација, да во нивно име и за нивна сметка ги преземаат сите дејствија за подигање на обврзници определени како надоместок во постапка за денационализација, со нив самостојно без било какво ограничување да располага, како и со недвижноста добиена како надоместок во постапка за денационализација при што да ги превзема сите дејствија во врска со целосно располагање со недвижноста и да сите наведени овластувања ги пренесува на било кое трето лице, при што содржината на ваквите овластувања им ја прикриле, по кое обвинетите Никола Стоименовиќ и Спасе Димитров, лажно им прикажувале дека не се води постапка за денационализација и дека не можат ништо да сторат во врска со враќањето на имотот, иако знаеле дека се воделе три постапки за денационализација во име на оштетените и дека во трите постапки биле донесени три првостепени, а потоа и три правосилни решенија од 30.08.2005 година, со кои на оштетените им било утврдено правото на денационализација и за одземениот имот земјиште определен надоместок при што како противвредност на определениот надоместок, со три решенија на Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на денационализацијата при Владата на Република Македонија-С., им било дадено друго земјиште сопственост на РМ и тоа со решение бр.47-451/2 од 30.08.2005, во КО Орешани-дел од КП 41/1 со површина од 65.449 м2, КП 43/2 со површина од 3.300 м2, КП 43/3 со површина од 1.800 м2, КП 45/2 со површина од 4.651 м2, КП 45/3 со површина од 407 м2, КП 48/1 со површина од 25.738 м2, КП 49 со површина од 2.328 м2, КП 369 со површина од 889 м2, КП 424 со површина од 3.053 м2, КП 479 со површина од 349 м2, КП 480 со површина од 1.977 м2, КП 481 со површина од 644 м2, КП 485 со површина од 998 м2, КП 486 со површина од 1.013 м2, КП 490/1 со површина од 2.818 м2, КП 491 со површина од 719 м2, КП 50 со површина од 1.866 м2 и КП 429 со површина

од 3.455 м2 и КО Морани-КП 2592/3 и дел од КП 2592/1 со вкупна површина од 56.768 м2, со решение бр.47-881/2 од 30.08.2005 година КП 1821/9 КО Карпош со површина од 2.496 м2, КП 1821/1 (КП 1821/6) КО Карпош со површина од 365 м2, КП 1821/5 КО Карпош со површина од 2.115 м2, КП 10006/1 КО Центар 1 со површина од 658 м2,, КП 13572/1 КО Центар 1 со површина од 102 м2, КП 13575/1 КО Центар 1 со површина од 247 м2, КП 13589/1 КО Центар 1 со површина од 348 м2, КП 1831/2 КО Центар 2 со површина од 353 м2 и КП 1831/3 КО Центар 2 со површина од 25 м2, а со решение бр.47-882/2 од 30.08.2005 година КП 1734/26 КО Кисела Вода 2 со површина од 5.634 м2, КП 1734/13 КО Кисела Вода 2 со површина од 6.386 м2 и КП 10006/1 КО Центар 1 со површина од 556 м2, а обвинетата Ленче Димчевска за цело време од оштетените го прикривала фактот дека во трите постапки за денационализација биле донесени првостепени и наведените второстепени решенија со тоа што не ги известувала за текот на постапките и за донесените решенија, ниту пак за тоа дека на 21.10.2005 година полномошното го пренела на обвинетиот Ордан Миланоски, а сето тоа со цел да на таков начин доделениот имот, преку заложување на истиот, како обезбедување на фиктивни позајмици, се пренесе во сопственост на трети лица, кое нешто обвинетите Никола Стоименовиќ и Ордан Миланоски и го сториле, со што на оштетените им нанеле штета од значителна вредност во износ од 25.057.500,00 денари, по решенија бр.47-881/2 и бр.47-882/2 а на државата-република Македонија и нанеле штета во значителна вредност од 30.541.350,00 денари по решението бр.47-451/2. 6. Обвинетиот Саша Андоновски, како службено лице- Претседател на комисијата за решавање на Управни работи во втор степен од област на денационализација при Владата на РМ Македонија, со искористување на својата службена положба и овластување нанел значителна штета на државата Репубклика Македонија во износ од 30.541.350,00 денари на начин што во постапка по жалба поднесена од обвинетата Ленче Димчевска како полномошник, на лицата В.Д., Г.Д., Д.Т., С.Д., и Б.Н., против првостепено решение на Министерот за финансии преку Комисијата за одлучување по барање за денационализација на општините К. и Ч. со седиште во општина К., ДН бр. 19-08-140/2-03 од 19.02.2004 година, со кое барањето за утврдување на право на денационализација било одбиено, списите на предметот ДН.бр.19-08-140/2/03 преку лицето Р.С. член на наведената Комисија при Владата на Р Македонија, ги предал на обвинетиот Никола Стоименовиќ кој во име на наведената комисија при Владата на РМ изготвил решение број 47-451/2 од 30.8.2005 година, со кое спротивно на чл.8 од Законот за денационализација утврдил право на денационализација за одземен имот кој неможе да биде предмет на денационализација при што во решението за наведените лица предвидел давање на друг имот од ист вид сопственост на Р.Македонија и тоа во КО Орешани дел од КП 41/1 со површина од 65.449 м2, КП 43/2 со површина од 3.300 м2, КП 43/3 со површина од 1.800 м2, КП 45/2 со површина од 4.651 м2, КП 45/3 со површина од 407 м2, КП 48/1 со површина од 25.738 м2, КП 49 со површина од 2.328 м2, КП 369 со површина од 889 м2, КП 424 со површина од 3.053 м2, КП 479 со површина од 349 м2, КП 480 со површина од 1.977 м2, КП 481 со површина од 644 м2, КП 485 со површина од 998 м2, КП 486 со површина од 1.013 м2, КП 490/1 ос површина од 2.818 м2, КП 491 со површина од 719 м2, КП 50 со површина од 1.666 м2, и КП 429 со површина од 3.455 м2, и во КО Морани КП 2592/3 и дел од КП 2592/1 со вкупна површина од 56.768 м2, а откако списите на предметот со така писмено изготвеното решение, обвинетиот Никола Стоименовиќ, преку лицето Р.С. му ги

вратил, таквото писмено изготвено решение со списите на предметот повторно преку лицето Р.С. го проследил на останатите членови на Комисијата на седницата на истата одржна на 30.8.2005 година, за потпишување на образецот записник за одлуката по тој предмет, па откако записникот бил потпишан од членовите на Комисијата тој како Претседател на комисијата го потпишан записникот и решението на тој начин прикажувајќи како да одлуката решението по тој предмет ја донело лицето Р.С. 7. Обвинетиот Никола Стоименовиќ како нотар, лице кое врши работи од јавен интерес, со нотарска канцеларија на ул во С., овозможил перење на пари, а обвинетиот Ордан Миланоски, пуштил во промет имот-земјиште во поголема вредност прибавено со казниво дело, а обвинетите Томислав Трајковски, Зоран Велкоски, Гроздана Манасиевска, Тодора Миланоска, Светлана Симоновска, Мирко Николов, Саша Славковиќ и Миле Наумчески пуштиле во промет имот земјиште од поголема вредност иако биле должни и можеле да знаат дека имотот-земјиштето е прибавено со казниво дело, на начин што: - обвинетиот Никола Стоименовиќ, на 26.10.2005 година изготвил два договори за заем и тоа еден помеѓу обвинетиот Томислав Трајковски, како заемодавател и обвинетиот Зоран Велкоски како заемопримател со невистина содржина како да обвинетиот Томислав Трајковски на обвинетиот Зоран Велкоски му дал заем во износ од 3.600.000,00 денари, со рок на враќање од пет дена, кој износ откако на штедна книшка на име на обвинетиот Томислав Трајковски истиот ден го уплатил, бил префрлен на штедна книшка отворена на име на обвинетиот Зоран Велкоски во ИК Б.АД С. и еден договор помеѓу обвинетата Гроздана Манасиевска, како заемодавател и обвинетата Тодора Миланоска, како заемопримател со невистинита содржина како да обвинетата Гроздана Манасиевска на обвинетата Тодора Миланоска дала заем во износ од 2.800.000,00 денари, со рок на враќање од пет дена, кој износ откако на штедна книшка на име на обвинетата Гроздана Манасиевска истиот ден го уплатил, бил префрлен на штедна книшка отворена на име на обвинетата Тодора Миланоска во ИК б.ад С., а на 23.12.2005 година изготвил уште еден договор за заем помеѓу обвинетата Светлана Симоновска, како заемодавател и обвинетиот Мирко Николов како заемопримател со невистинита содржина како да обвинетата Светлана Симоновска на обвинетиот Мирко Николов му дала заем во износ од 890.000,00 денари со рок на враќање на четири еднакви рати заклучно со 23.04.2006 година, кој договор го заверил под УЗП бр.11538/05, при што истиот ден врз основа на ваквиот договор за заем изготвил и заверил и договор за хипотека ОДУ бр.700/05, согласно кој бил заложен недвижен имот во вкупна површина од 170.717 м2 и тоа во КО Орешани, КП 41/1 со површина од 65.449 м2, КП 43/2 со површина од 3.300 м2, КП 43/3 со површина од 1.800 м2, КП 45/2 со површина од 4.651 м2, КП 45/3 со површина од 407 м2, КП 48/1 со површина од 25.738 м2, КП 49 со површина од 2.328 м2, КП 50 со површина од 1.866 м2, КП 369 со површина од 889 м2, КП 424 со површина од 3.053 м2, КП 429 со површина од 3.455 м2, КП 485 со површина од 998 м2, КП 486 со површина од 1.013 м2 и КО Морани-КП 2592/3 со вкупна површина од 56.768 м2, во Државниот завод за геодетски работи-с., впишан на име на лицата В.Д., Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., по основ на утврдено право на денационализација, а кој договор за хипотека, без нивно знаење во нивно име, како заложни должници, го потпишал обвинетиот Ордан Миланоски, без посебно овластување, со пренесено

полномошно од обвинетата Ленче Димчевска, заверено од обвинетиот Никола Стоименовиќ под УЗП бр.9871/05 од 21.10.2005 година, со намера да сопственоста на овој недвижен имот врз основа на таквиот договор за заем и договор за хипотека, биде пренесена на име на обвинетата Светлана Симоновска, - обвинетите Томислав Трајковски, како заемодавател и Зоран Велкоски, како заемопримател на 26.10.2005 година потпишале договор за заем со невистина содржина како да обвинетиот Томислав Трајковски на обвинетиот Зоран Велкоски му дал заем во износ од 3.600.000,00 денари, со рок на враќање од пет дена, кој износ откако обвинетиот Никола Стоименовиќ истиот ден на 26.10.2005 година го уплатил на денарска штедна книшка број 8271000-201100010929, тој ден отворена на име на обвинетиот Томислав Трајковски во И.к.б. АД С., од таа штедна книшка бил пренесен на денарска штедна книшка број 8271000-201100010848 на 26.10.2005 година отворена на име на обвинетиот Зоран Велкоски, во И.к.б. АД С., по кое обвинетите Томислав Трајковски и Зоран Велкоски, врз основа на таквиот договор, истиот ден потпишале и договор за залог хипотека ОДУ бр.125/05 потврден од обвинетата Гордана Ракочевиќ, врз основа на кој договор во сопственост на обвинетиот Томислав Трајковски бил впишан недвижен имот градежно неизградено земјиште и тоа КП 1821/9 КО Карпош со површина од 2.496 м2, КП 1821/16 КО Карпош со површина од 2.115 м2, КП 1831/2 КО Центар 2 со површина од 353 м2 и КП 1821/17 со површина од 365 м2, во Државниот завод за геодетски работи-с., предходно впишан на име на лицето В..Д. и оштетените Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., по основ на утврдено право на денационализација, кој договор за хипотека, без нивно знаење во нивно име, како заложни должници, го потпишал обвинетиот Ордан Миланоски, без посебно овластување, со пренесено полномошно од обвинетата Ленче Димчевска, заверено од обвинетиот Никола Стоименовиќ под УЗП бр.9871/05 од 21.10.2005 година, со намера да сопственоста на овој недвижен имот врз основа на таквиот договор за заем и договор за хипотека, биде пренесена на име на обвинетиот Томислав Трајковски, а обвинетите Томислав Трајковски и Саша Славковиќ, со цел да на ваков начин стекнатата сопственост на земјиштето натаму се пренесува, на 10.07.2006 година потпишале договор за заем со невистина содржина како да обвинетиот Саша Славковиќ на обвинетиот Томислав Трајковски му дал заем во износ од 46.200 евра и врз основа на таквиот договор, истиот ден потпишале и договор за залог хипотека потврден од нотар Н.П. под ОДУ бр.378/06, а сето тоа со намера да сопственоста на овој недвижен имот врз основа на таквиот договор за заем и договор за хипотека, биде пренесена на име на обвинетиот Саша Славковиќ, - обвинетата Тодора Миланоска, како заемопримател на 26.10.2005 година потпишала договор за заем со невистинa содржина како да обвинетата Гроздана Манасиевска, како заемодавател и дала заем во износ од 2.800.000,00 денари, со рок на враќање од пет дена, кој износ откако обвинетиот Никола Стоименовиќ истиот ден на 26.10.2005 година го уплатил на денарска штедна

книшка број 8271000-201100010805 тој ден отворена на име на обвинетата Гроздана Манасиевска во И.к.б. АД С., од таа штедна книшка бил пренесен на денарска штедна книшка број 8271000-201100010813 на 26.10.2005 година отворена на име на обвинетата Тодора Миланоска, во И.к.б. АД С., а обвинетата Тодора Миланоска, врз основа на таквиот договор, истиот ден потпишала и договор за залог хипотека, ОДУ бр.124/05, потврден од обвинетата Гордана Ракочевиќ, по кое обвинетата Гроздана Манасиевска на 14.11.2005 година, врз основа на таквиот договор потпишала нотарски акт ОДУ бр.135/05 за стекнување на право на сопственост на недвижен имот градежно неизградено земјиште на КП 10006/1 со површина од 1.214 м2, КП 13572/4 со површина од 102 м2, КП 13575/7 со површина од 247 м2 и КП 13589/4 со површина од 348 м2, сите во КО Центар 1, во Државниот завод за геодетски работи С., предходно впишан на име на лицето В.Д. и оштетените Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., по основ на утврдено право на денационализација, врз основа на кој акт во сопственост на обвинетата Гроздана Манасиевска бил впишан наведениот недвижен имот, по кое обвинетата Гроздана Манасиевска на 31.07.2006 година, преку полномошник адвокат Горан Драгоман, склучила договор за купопродажба со Друштвото П.И.МК ДОО С., за дел од наведеното земјиште во површина од 1.035 м2 по цена од 1.250.000,00 евра, кој износ на 31.07.2006 година бил префрлен на три денарски штедни книшки-бр.02001869, бр.046000880 и бр.056000184 отворени во УНИ б.-с. на име на обвинетата Гроздана Манасиевска, по кое истата заедно со обвинетиот Никола Стоименовиќ, на 7 и 9 август 2006 година од книшката бр.056000184 во готовина подигнала вкупен износ од 30.950.484,50 денари кои ги предала на обвинетиот Никола Стоименовиќ, а на 7.08.2006 година од книшката бр.046000880 во готовина подигнала вкупен износ од 34.943.989,00 денари кои ги предала на обвинетиот Никола Стоименовиќ, при што истиот ден дел од подигнатата готовина во износ од 11.973.000,00 денари ја внеле како орочен депозит на штедна книшка бр.016004501 на име на обвинетата Гроздана Манасиевска, која за извршената услуга на потпишување на нотарскиот акт ОДУ бр.135/05 и отворањето на штедните книшки и примањето на парите од фирмата П.И. на штедните книшки од обвинетиот Никола Стоименовиќ по потпишувањето на нотарскиот акт примила 1.000 евра, а по подигањето на готовинските парични сретства во У.б. уште 100.000,00 денари, - обвинетите Светлана Симоновска, како заемодавател и Мирко Николов, како заемопримател на 23.12.2005 година потпишале договор за заем со невистина содржина како да обвинетата Светлана Симоновска на обвинетиот Мирко Николов му дала заем во износ од 890.000,00 денари, со рок на враќање на четири еднакви рати заклучно со 23.04.2006 година и врз основа на таквиот договор, истиот ден потпишале и договор за залог хипотека потврден од обвинетиот Никола Стоименовиќ под ОДУ бр.700/05 од 23.12.2005 година согласно кој бил заложен недвижен имот во вкупна површина од 170.717 м2 и тоа во КО Орешани, КП 41/1 со површина од 65.449 м2, КП 43/2 со површина од 3.300 м2, КП 43/3 со површина од 1.800 м2, КП 45/2 со површина од 4.651 м2, КП 45/3 со површина од 407 м2, КП 48/1 со површина од 25.738 м2, КП 49 со површина од 2.328 м2, КП 50 со површина од 1.866 м2, КП 369 со површина од 889 м2, КП 424 со површина од 3.053 м2, КП 429 со површина од 3.455 м2, КП 485 со површина од 998 м2, КП 486 со површина од 1.013 м2 и КО Морани-КП 2592/3 со вкупна површина од 56.768 м2, во Државниот завод за геодетски работи-с., впишан на име на лицата В.Д., Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., по

основ на утврдено право на денационализација, а кој договор за хипотека, без нивно знаење во нивно име, како заложни должници, го потпишал обвинетиот Ордан Миланоски, без посебно овластување, со пренесено полномошно од обвинетата Ленче Димчевска, заверено од обвинетиот Никола Стоименовиќ под УЗП бр.9871/05 од 21.10.2005 година, со намера да сопственоста на овој недвижен имот врз основа на таквиот договор за заем и договор за хипотека, биде пренесена на име на обвинетата Светлана Симоновска, а - обвинетите Миле Наумчески, како заемодавател и Светлана Симоновска, како заемопримател на 07.07.2006 година потпишале договор за заем со невистина содржина како да обвинетиот Миле Наумчески на обвинетата Светлана Симоновска и дал заем во износ од 21.000 евра и врз основа на таквиот договор, истиот ден потпишале и договор за залог хипотека потврден од обвинетиот Никола Стоименовиќ под ОДУ бр.352/06 согласно кој бил заложен недвижен имот - градежно земјиште на КП 10006/5 во површина од 60 м2, на КП 10006/6 во површина од 101 м2 и на КП 10006/7 во површина од 18 м2 сите во КО Центар 1, со намера да сопственоста на тоа земјиште натаму се пренесува на други лица. 8. Обвинетата Гордана Ракочевиќ, како нотар-лице што врши работа од јавен интерес со искористување на своите овластувања нанела значителна штета во износ од 13.570.300,00 денари на лицето В.Д. и на оштетените Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н. на начин што врз основа на договор за заем помеѓу обвинетиот Томислав Трајковски и обвинетиот Зоран Велкоски, со невистинита содржина како да обвинетиот Томислав Трајковски на обвинетиот Зоран Велкоски му дава заем во износ од 3.600.000,00 денари и договор за заем помеѓу обвинетата Гроздана Манасиевска и обвинетата Тодора Миланоска, со невистинита содржина како да обвинетата Гроздана Манасиевска на обвинетата Тодора Миланоска дава заем во износ од 2.800.000,00 денари, со рок на враќање од пет дена, на 26.10.2005 година солемнизирала два договори за залог на недвижен имот и тоа ОДУ бр.125/05 за недвижен имот градежно неизградено земјиште КП 1821/9 КО Карпош со површина од 2.496 м2, КП 1821/16 КО Карпош со површина од 2.115 м2, КП 1831/2 КО Центар 2 со површина од 353 м2 и КП 1821/17 со површина од 708 м2, во Државниот завод за геодетски работи-с., впишан на име на наведеното лице и оштетени, по основ на утврдено право на денационализација и ОДУ бр.124/05 за недвижен имот градежно неизградено земјиште на КП 10006/1 со површина од 1.214 м2, КП 13572/4 со површина од 102 м2, КП 13575/7 со површина од 247 м2 и КП 13589/4 со површина од 348 м2, сите во КО Центар 1, во Државниот завод за геодетски работи С., впишан на име на лицето В.Д. и оштетените Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., по основ на утврдено право на денационализација, спротивно на чл.83 ст.4 од Законот за облигационите односи, без посебно овластување од наведеното лице и оштетени, врз основа на пренесено полномошно од обвинетата Ленче Димчевска на обвинетиот Ордан Миланоски, заверено од страна на обвинетиот Никола Стоименовиќ под УЗП бр.9871/05 од 21.10.2005 година и без присуство на обвинетата Гроздана Манасиевска, која не ги потпишала договорите, иако согласно чл.27 ст.2 од Законот за вршење на нотарските работи, во конкретниот случај била должна да го одбие изготвувањето и солемнизирањето на нотарските акти, тоа не го сторила, на кој начин овозможила да земјиштето во вкупна површина од 5.672 м2 биде пренесено во сопственост на

обвинетиот Томислав Трајковски, а земјиштето во вкупна површина од 1.911 м2, биде пренесено во сопственост на обвинетата Гроздана Манасиевска,. 9. Обвинетата Емилија Алексова, како службено лице Раководител на Секторот за премер и катастар С. при Државниот завод за геодетски работи со искористување на својата службена положба и овластување на оштетените Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., лицето В.Д., нанела значителна штета во износ од 7.417.500,00 денари, на начин што - извршената промена по предмет Уп. Бр.1148/1957 од 26.10.2005 година, обработен и спроведен од службеното лице С.Р., самостоен референт за хипотеки, на 2.11.2005 година ја поништила и наместо таа промена внела нова промена со тоа што во писмено известие го впишала и правото на избор на хипотекарен доверител по нотарски акт ОДУ бр.124/05 од нотар обвинетата Гордана Ракочевиќ, иако во солемнизацијата-потврдувањето на договор за залог хипотека помеѓу обвинетата Гроздана Манасиевска, како заложен доверител, обвинетата Тодора Миланоска, како должник и обвинетиот Ордан Миланоски, како полномошник на лицето В.Д. и на оштетените Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., во својство на заложни должници, таков избор не бил предвиден и обвинетиот Ордан Миланоски, согласно чл.83 ст.4 од Законот за облигационите односи немал посебно овластување, со што извршила пренос на недвижен имот градежно неизградено земјиште на КП 10006/1 со површина од 1.214 м2, КП 13572/4 со површина од 102 м2, КП 13575/7 со површина од 247 м2 и КП 13589/4 со површина од 348 м2, сите во КО Центар 1 сопственост на оштетените, во сопственост на обвинетата Гроздана Манасиевска, - иако на 2.11.2005 година била извршена промена на податоците во имотен лист бр.42539 за КП 1821/16 за КО Карпош, со впишување на привремена мерка, дозволена со решение на Основен суд Скопје 1 Скопје И бр.2771/05 од 31.10.2005 година, за обезбедување на парично побарување на доверителот лицето Д.Љ. за враќање во сопственост на недвижен имот на КП 1821/16 за КО Карпош и била впишана забрана за оттуѓување, оптоварување, превземање на дејствија и вршење на промени што можат да му нанесат штета на доверителот извршила промена така што повикувајќи се на чл.76 од Законот за договорен залог, ја избришала впишаната привремена мерка и како сопственик на наведената катастарска парцела, на барање од нотар, обвинетата Гордана Ракочевиќ, го впишала обвинетиот Томислав Трајковски. 10. Обвинетиот Михаил Ќосев, како нотар за општина Г.Б. С.-лице што врши работа од јавен интерес, со нотарска канцеларија во С., на ул... С. с., со искористување на своите овластувања на државата-република Македонија, нанел значителна штета во износ од 30.541.350,00 денари, на начин што иако согласно чл.27 ст.2 од Законот за вршење на нотарските работи, бил должен да одбие службено дејство на изготвување на нотарски акт-записник за стекнување на право на сопственост врз заложена недвижност наместо исплата за обезбеденото побарување со елементи на договор за купопродажба, врз основа на договор за хипотека ОДУ бр.700/05 од 23.12.2005 година, согласно кој бил заложен недвижен имот во вкупна површина од 170.717 м2 и тоа во КО Орешани, КП 41/1 со површина од 65.449 м2, КП 43/2 со површина од 3.300 м2, КП 43/3 со површина од 1.800 м2, КП 45/2 со површина од 4.651 м2, КП 45/3 со површина од 407 м2, КП 48/1 со површина од 25.738 м2, КП 49 со површина од 2.328 м2, КП 50 со површина од 1.866 м2, КП 369

со површина од 889 м2, КП 424 со површина од 3.053 м2, КП 429 со површина од 3.455 м2, КП 485 со површина од 998 м2, КП 486 со површина од 1.013 м2 и КО Морани-КП 2592/3 со вкупна површина од 56.768 м2, во Државниот завод за геодетски работи-с., впишан на име на лицата В.Д., Г.Д., Д.Т., С.Д. и Б.Н., по основ на утврдено право на денационализација, солемнизиранпотврден од обвинетиот Никола Стоименовиќ, спротивно на чл.83 ст.4 од Законот за облигационите односи, без знаење и во име на наведените лица, потпишан од обвинетиот Ордан Миланоски, без посебно овластување, со пренесено полномошно од обвинетата Ленче Димчевска, заверено од обвинетиот Никола Стоименовиќ под УЗП бр.9871/05 од 21.10.2005 година, свесен за таквото незаконито потврдување на наведениот договор, изготвил нотарски акт ОДУ бр.26/06 од 06.02.2006 година, за стекнување на право на сопственост на обвинетата Светлана Симоновска на наведениот недвижен имот, со што овозможил натамошен пренос на сопственоста на истиот. 11. Обвинетиот Крсте Иловски, во текот на месец август 2006 година, од обвинетиот Никола Стоименовиќ, во готовина примил пари од поголема вредност во вкупен износ од 37.000.000,00 денари, за кои бил должен и можел да знае дека се прибавени со казниво дело, а за да прикрие дека потекнуваат од таков извор и сопственоста на истите, на 07.08.2006 година во У.Б. во С., заедно со обвинетиот Никола Стоименовиќ на свое име отворил две денарски штедни книшки на кои наведениот паричен износ како орочен депозит го уплатил обвинетиот Никола Стоименовиќ и тоа на книшка бр износ од 18.250.000,00 денари, а на книшка бр износ од 18.750.000,00 денари, по кое двете штедни книшки ги зел обвинетиот Никола Стоименовиќ, од кого истите на 30.11.2006 година, при претрес, во неговиот дом во с.о.-с., со потврда се одземени, поради што обвинетиот Крсте Иловски, на 05.12.2006 година, во У.Б. во С., во две изјави лажно прикажал дека двете штедни книшки ги изгубил, врз основа на што орочените депозити со камата од двете штедни книшки во вкупен износ од 37.762.820,50 денари, ги префрлил на негово име на нова штедна книшка бр,со што го прикрил нивното движење и сопственост. Со кои дејствија обвинетите сториле и тоа: обвинетиот Никола Стоименовиќ сторил едно кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст. 3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, под точка 1 од диспозитивот, едно кривично дело-измама од член 247 ст. 4 в.в. со ст.1 и в.в со чл.22 од Кривичниот законик, под точка 5 од диспозитивот и едно кривично дело-перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст.6 вв со чл.45 од Кривичниот законик, под точка 4 и 7 од диспозитивот, обвинетиот Иснифарис Џемаили сторил едно кривично дело-злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 ст. 3 в.в. со ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, под точка 1 од диспозитивот и едно кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, под точка 2 од диспозитивот,