ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ 13 септември 29 септември октомври 2017

Relaterede dokumenter
Број 45 Год. LX Среда, 7 јули 2004 Цена на овој број е 300 денари С О Д Р Ж И Н А 879.

674. Член 6. (2) Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата

ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР

Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите

Комитет на Страните на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба

Oхридска Банка. мтокен. Упатство за употреба на мобилниот токен

Oхридска Банка. Упатство за употреба на мобилниот токен

КОНКУРС. За запишување студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2015/2016 година

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ. Автор: Ирена Кацарски-Ќимова, преведувач, конференциски толкувач и консултант за преведувачки процеси

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА e-banking

АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА ЉУБЉАНСКИ АРБИТРАЖНИ ПРАВИЛА. [Maкедонски] Решаваме спорови од 1928 година

гласило на НАЦИОНАЛНИОТ сојуз на ЛИЦА СО телесен инвалидитет на македонија

Дводимензинални низи во с++

740. ЗАКОН ЗА НАСЛЕДУВАЊЕТО (пречистен текст) I. Законски наследници. Среда, 15 септември 1965 БЕЛГРАД

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БИЛТЕН NEWSLETTER - БИЛТЕН - GAZETA ВО ОВОЈ БРОЈ ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО БРОЈ 3 ЈУЛИ 2014.

С О Д Р Ж И Н А. Број 117 Год. LXIII Понеделник, 1 октомври 2007 Цена на овој број е 270 денари. Стр.

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПРВ ОДДЕЛ СЛУЧАЈ STOJANOVIĆ ПРОТИВ ХРВАТСКА. (Жалба бр /09 ПРЕСУДА

Деловни простории во КОЧАНИ на ул.гоце локал 1-16m ,00 Делчев, КП-9720, ИЛ-13755, КО Кочани, зграда-1, локал-2-21м2 влез-05, кат

БРОЈ 84, ДЕКЕМВРИ

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. "Службен весник на Република Македонија излегува по потреба. Рок за рекламации 15 дена.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ГОЛЕМ СОВЕТ. СЛУЧАЈ GAFGEN ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА (пријава бр /05)

УНИВЕРЗИТЕТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ИНСТИТУТ ЗА ИСТОРИЈА И АРХЕОЛОГИЈА ISSN:

С О Д Р Ж И Н А. Број 61 год. LXVII 29 април 2011, петок Цената на овој број е 450 денари.

Резултат? Одличен крем со богата, кремаста текстура и прекрасен мирис на мед.

С О Д Р Ж И Н А. Стр Закон за изменување на Законот за јавните патишта Стр.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА У К А З бр. 16 од година УКАЗ бр УКАЗ бр. 15

Construction. Едно компонентен санационен малтер за фина завршна обработка EN Опис на Производот. Тест 1 1/5. Одобрувања / Стандарди

80. ЗАКЛУЧОЦИ. Врз основа на член 285 став 1 точка 1 од Уставот на СФРЈ и член 136 ст. 2 и 3 од Деловникот на Собранието

III Масовна рекреативна средба на лица со телесен инвалидитет број 80, ЈУНИ 2014

ГОЛЕМАТА БАЗИЛИКА ВО ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС. Античкиот град Хераклеа Линкестис се наоѓа во непосредна близина на Битола, од неговата јужна страна.

СОДРЖИНА. Број 9 20 јануари 2012, петок година LXVIII. Стр.

ЕДНОДИМЕНЗИОНАЛНИ НИЗИ

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦА ОД ЕКСПРЕСЕН ПАТ A1: МОСТ НА РЕКА РАЕЦ КЛУЧКА ДРЕНОВО НЕ-ТЕХНИЧКО РЕЗИМЕ МАЈ, 2014

Подготвиле: Проф. Др. Душко Мукаетов Проф. Др. Димов Зоран Проф. Крум Бошков Инж. Емилија Попоска. Скопје, ноември, 2013 год.

Ѓорги Поп-Атанасов МАКЕДОНСКАТА ГЛАГОЛИЦА

СТУДИЈА ЗА ОРНИТОЛОШКИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПОДРАЧЈЕТО ДОЛНА БРЕГАЛНИЦА

К Р И Т Е Р И У М И. Боледување до 7 дена

СПАРК ПРИРАЧНИК НА СОПСТВЕНИКОТ

3-компонентен малтер во комбинација од цемент и епоксид, само-нивелирачка подна кошулица во дебелина од 1.5 до 3 mm

За адекватна примена на Правилникот и Критериумите во здравствениот систем на Република Македонија, треба да се земат предвид следниве елементи:

Одлуки на Основниот Суд Скопје ПРЕСУДА I К.бр.297/07 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Тип 2 дијабетес. Справување со тип 2 дијабетес. NICE клинички упатства 87 guidance.nice.org.uk/cg87. Прилог

ПРОТОКОЛ ЗА УСЛУГИ ВО МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ ВО ИТНИ И КРИЗНИ СОСТОЈБИ И КАТАСТРОФИ ВО ТРАНЗИТНИТЕ ЦЕНТРИ

Кватернарна превенција. Маг. д-р по мед. Џејми Кореиа де Соуса, Центар за семејна медицина Медицински Факултет Скопје

O D L U K A. Za rasporeduvawe na neto dobivkata ostvarena po Godi{nata smetka i finansiskite izve{tai za 2017 god. ^l. 1. ^l. 2

Ножeви зa. хaртијa. klever.com.mk. офис ризница

162. Петок, 11 март 1977 БЕЛГРАД

ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ИСХРАНАТА НА РАСТЕНИЈАТА. насока: Лозарство и винарство

Rabotno vreme: od ponedelnik do petok od 7 do 20 ~asot sabota od 8 do 15 ~asot

Kонтрола на квалитет на ПET радиофармацевтици. Асс. м-р Катарина Смилков Факултет за медицински науки, оддел Фармација Универзитет Гоце Делчев - Штип

Нова револуција во перењето. Машини за перење и за сушење алишта

РЕХАУ собен регулатор Nea Привлечен дизајн со лесно ракување MK. Градежништво Автоиндустрија Индустрија

АНТИЧКИОТ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАР НУМЕНИЈ И ДВА НЕГОВИ РЕЦЕПТИ ЗА ЛЕКОВИ

FM/MW/LW CD ПЛЕЕР CDX-GT (1) Упатство за употреба. За откажување на демонстрацијата (DEMO) на екранот, видете на стр. 12.

Решенија на задачите за I година РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 24 април 2010 I година

дури тогаш кога ќе погледнеме наназад.

Нова LIN. Елегантен ДИЗАЈН, динамична

Програмите се две почетната деветдневна Clean 9, за време на која организмот се ослободува од натрупаните

"Сите Ваши соништа можат да се остварат - само ако имате храброст да посегнете по нив" Волт Дизни

Подаци катастра непокретности 1. Подаци о парцели :38:32 Није службена исправа

Број февруари 2015, вторник година LXXI

АКЦИОНАРСКО ДРУШТВО ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕВОЗ ПУТНИКА СРБИЈА ВОЗ Београд, Немањина 6

БЕОГРАДСКА ПОСЛОВНА ШКОЛА ВИСОКА ШКОЛА СТРУКОВНИХ СТУДИЈА

Г О Д И Ш Е Н И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА ЈДГ 8 МАРТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2014/2015г.

Четврток, 14 октомври 1971 БЕЛГРАД

BILAG. knyttet til forslaget til

Rådet for Den Europæiske Union Bruxelles, den 17. april 2015 (OR. en)

Австрија. Ав стрија е земја со нај мала невработеност во Евро па. На скии може да поминете над километри

Да ја заштитиме природата

КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА 2 ИНТЕГРИСАНЕ АКАДЕМСКЕ СТУДИЈE ФАРМАЦИЈЕ ЧЕТВРТА ГОДИНА СТУДИЈА

Tрећи круг евалуације

MK твојот AVON Претставник Овде сум за да споделувам и да ти бидам водич. Ти треба совет за убавина или мода? WWW

ОБЈ ЕК Т И ВИ ЗО ВА ЊЕ МО РА Л Н Е Ш Т Е Т Е

Указ о проглашењу Закона о арбитражи. Закон о арбитражи

Стратегија ДЕ. Др Дејан Тошић, ванр. професор Електротехничког факултета Универзитета у Београду

а) Нацртај неколико дужи и обележи их. б) Уочи дужи приказане на слици 60.

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Ус т а в н и суд. М и н и с т а р с т в а. Ло ка л н а с а моу п р а в а. Београд, 6. јануар 2014.

Eksamen i anvendt dansk 3 5. årgang 14. februar 2007 Del 1/4 (1 time ingen ordbøger) navn: nr.: 1 Substantiver

Факултет организационих наука Центар за пословно одлучивање. Теорија одлучивања. Вишеатрибутивно одлучивање и Вишекритеријумска анализа

СОДРЖИНА НА ПОНДАТА РАСПОРЕД ПО ТЕРМИНИ

ПИ СМО ВУ КА НО ВО ПА ПИ ИНО ЋЕН ТИ ЈУ III**

СА ВЕ СНИ УЧЕ НИ ЦИ: УСПЕ ШНИ ЈИ У ШКО ЛИ, АЛИ НЕ И СРЕЋ НИ ЈИ ЗБОГ ТО ГА *

УНИВЕРЗИТЕТ У НОВОМ САДУ, АКАДЕМИЈА УМЕТНОСТИ НОВИ САД, ЂУРЕ ЈАКШИЋА 7 СТРУКТУРА СТУДИЈСКОГ ПРОГРАМА

X + Y = ПЕ СМА ИЛИ МО ЈЕ ОСЕ ЋА ЊЕ СВЕ ТА. 1 У К У Т И Ј И РЕ Н Е СА Н СЕ М И РО ЉУ БА

СВЕЧАНО УРУЧЕЊЕ НАГРАДА У МАТИЦИ СРПСКОЈ


Жеремију и Ани, мојим учитељима Р. Б. Ани, мојој првој читатељки, чије су ми примедбе много помогле Б. К.-П.

С А Д Р Ж А Ј. В л а д а. Београд, 31. децембар Година LXX број 147. Цена овог броја је 401 динар Годишња претплата је 36.

П Р Е Г Л Е Д ОДУЗЕТИХ ДОЗВОЛА ЗА ОБАВЉАЊЕ ПОСЛОВА ИЗ ДЕЛАТНОСТИ ОСИГУРАЊА 1. Број решења НБС о одузимању дозволе. Г. бр

Copyright Дејан Лучић, 1994 Copyright 2011 за ово издање, ЛАГУНА

МА ТЕ МА ТИЧ КА ПИ СМЕ НОСТ

Х У БЕ РО ВЕ. (II део) 14.

Eksamen i anvendt dansk 3 5. årgang 9. februar 2007 Del 1/4 (1 time ingen ordbøger) navn: nr.: 1 Substantiver

Ју би леј. Ју би леј 240-го ди шњи це до се ља вања. Равње добило нову амбуланту. У Инђији отворена деоница пута Р-109

ТРГОВАЧКА ШКОЛА. Хиландарска бр.1. Београд КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА НАБАВКА ДОБАРА - ЕЛЕКТРИЧНЕ ЕНЕРГИЈЕ ЈАВНА НАБАКА МАЛЕ ВРЕДНОСТИ. Бр.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЈАВНА НАБАВКА МАЛЕ ВРЕДНОСТИ НАБАВКА ДОБАРА КОЖНЕ ТУБЕ ЗА ДИПЛОМЕ ЗА ПОТРЕБЕ ФАКУЛТЕТА МЕДИЦИНСКИХ НАУКА

Transkript:

ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права Набљудувачка мисија за избори поранешна југословенска Република Македонија Локални избори, 15 октомври 2017 I. РЕЗИМЕ ПЕРИОДИЧЕН ИЗВЕШТАЈ 13 септември 29 септември 2017 6 октомври 2017 Владата е формирана со шестмесечно доцнење по последните предвремени парламентарни избори, што резултираше со одлагање на општинските избори. Во јули Владата претстави план за да се одговори на злоупотребата на административните ресурси, притисоците врз вработените во јавниот сектор, неизбалансираното медиумско покривање и за подобрување на транспарентноста на изборната администрација. Законската рамка за изборите беше суштински ревидирана во 2016. Натамошните промени во 2017 го сменија времето на одржување на локалните избори и го овластија Собранието да го смени составот на Државната изборна комисија (ДИК). Седниците на ДИК се јавни; сепак, некои досегашни одлуки беа донесувани на затворени седници, а набљудувачите не секогаш беа однапред информирани за тоа. Повеќето Општински изборни комисии (ОИК) се оперативни, а подготовките се во тек, но некои пријавија дека немаат соодветни простории и материјали. За да се обезбеди остварување на избирачкото право за лицата со хендикеп, ДИК мапираше избирачки места каде има обезбеден пристап со колички, а планира да обезбеди и тактилни гласачки шаблони за сите избирачки места. Кампањата за едукација на гласачите треба допрва да почне. За изборите се регистрирани вкупно 1,814,644 гласачи. Верификацијата на избирачкиот список онлајн и лично резултираше со мал број промени. Како резултат на ова, некои од соговорниците на МНИ (Мисијата за набљудување на изборите) на ОБСЕ/ОДИХР изразија растечка доверба во точноста на избирачкиот список, додека други и натаму изразуваат загриженост околу неговата прецизност. ОИК регистрираа 19 партии и коалиции и 65 групи избирачи, или вкупно 258 кандидати за градоначалник и 369 листи за општински совети. Шест проценти од кандидатите за градоначалник се жени, а 14 проценти од листите за советници се предводени од жени. Кандидатите и листите главно го одразуваат етничкиот состав на односната општина. Периодот на кампања почна на 25 септември. Учесниците во изборниот натпревар јавно се обврзаа на непровокативно водење кампања, додека владата се обврза да ја почитува раздвоеноста на државата и партијата. Учесниците во изборите користат широк спектар алатки за да допрат до гласачите, вклучувајќи ги и онлајн-медиумите. Се случија некои изолирани, политички мотивирани инциденти, вклучувајќи оштетување на изборни штабови. Законската рамка ги ограничува донациите и поставува плафон на трошењето во кампањите по регистриран гласач. Иако двата периодични извештаи за финансирање на кампањите ќе се објават пред изборниот ден, нема да се врши верификација на приходите или расходите додека изборите не завршат.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 2 Медиумското покривање на изборите е строго регулирано, како и политичкото рекламирање во комерцијалните медиуми. Од јавните медиуми се бара да обезбедат правично новинарско покривање на учесниците во изборите и да им дадат пристап до бесплатно медиумско време. Почитувањето на законските одредби од страна на медиумите го следи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На 21 септември, МНИ на ОБСЕ/ОДИХР отпочна квантитативно и квалитативно следење на медиумите. Под надлежност на ДИК и на судовите се широк спектар изборни прекршоци, додека Државната комисија за спречување на корупцијата ги разгледува приговорите што се однесуваат на разделеноста на партијата и државата и злоупотребата на административните ресурси во тек на кампањата. Законодавството предвидува дека граѓаните и меѓународните набљудувачи имаат пристап до сите фази од изборниот процес. Досега, четири граѓански организации се акредитирани за набљудување на изборите. II. ВОВЕД По покана на Министерството за надворешни работи, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) ја воспостави Мисијата за набљудување на изборите (МНИ) за да ги набљудува локалните избори на 15 октомври. 1 МНИ НА ОБСЕ/ОДИХР, предводена од Амбасадорката Одри Гловер, се состои од 17-член главен тим, со седиште во Скопје, и 20 долгорочни набљудувачи распоредени ширум земјата. Членовите на мисијата доаѓаат од 22 земји-членки на ОБСЕ. Од земјите-членки е побарано да испратат 300 краткорочни набљудувачи за да ги набљудуваат процедурите на денот на изборите. III. ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ По предвремените парламентарни избори во 2016 година, Внатрешната македонска револуционерна организација Демократска партија за национално единство (ВМРО-ДПМНЕ) не постигна договор со својот традиционален коалиционен партнер, Демократската унија за интеграција (ДУИ). 2 Наместо тоа, ДУИ и другите партии на етничките Албанци го поддржаа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), а сепак претседателот не им даде мандат да формираат влада. На 27 април, по неколкуте неуспешни обиди, беше избран претседател на Собранието. Овој настан доведе до конфронтација во парламентот, што резултираше со напад врз пратениците, вклучувајќи ги и оние од СДСМ и Алијансата на Албанците (АА). Политичката криза деескалираше дури кога претседателот ѝ даде на СДСМ мандат да формира влада, којашто беше формирана на 31 Мај, по шестмесечно доцнење. Ова резултираше со одложување на локалните избори. Во јули, владата претстави план за одговор на злоупотребата на административните ресурси, притисокот врз вработените во јавниот сектор, неизбалансираното медиумско покривање и за подобрување на транспарентноста на изборната администрација. Долготрајните аспирации на земјата за интеграција во Европската Унија (ЕУ) и НАТО, постојано високата стапка на невработеност и високата емиграција ја сочинуваат подлогата за овие избори. Соговорниците на МНИ НА ОБСЕ/ОДИХР проценуваат дека спроведувањето на локалните избори може да се одрази на тековните интегративни процеси и го гледаат како тест на кредибилноста на новата 1 2 Види ги претходните извештаи на ОБСЕ/ОДИХР за поранешната југословенска Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во 2006, 2008, 2011 и 2014 и ја водеше владата до мај 2017.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 3 влада. Во моментов, со 55 од 80 општини управува ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ има 4 од 81 градоначалници што биле кандидирани од партии. IV. ЗАКОНСКА РАМКА И ИЗБОРЕН СИСТЕМ Со измените и дополнувањата на Уставот од 1991 се воспоставува целосен спектар на темелни права и слободи. Локалните избори се главно уредени со Уставот и Изборниот законик (ИЗ). 3 Регулативата усвоена од Државната изборна комисија (ДИК) го надополнува ИЗ; таа не треба да е во контрадикција со законодавството, но не е предмет на судска ревизија. Како што е набележано во Заедничкото мислење за Изборниот законик на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија при Советот на Европа, законската рамка предвидува солидна основа за спроведување демократски избори, доколку соодветно се спроведува. 4 Сепак, недостатоците и недореченостите, вклучувајќи и некои забележани во претходните препораки на ОБСЕ/ОДИХР се и натаму присутни. ИЗ беше усвоен во 2006 и оттогаш претрпе значителни измени и дополнувања, од кои најскорешните се од 2016. Покрај ова, во 2017 беа донесени некои клучни амандмани: беше сменет датумот на одржување на локалните избори - од мај, во октомври, Уставниот суд укина некои одредби насочени кон зачувување на раздвоеноста на државата и партијата, а парламентот беше овластен да го смени составот на ДИК за да го отслика тековниот состав на Собранието. Локалните избори се одржуваат секои четири години за да се изберат градоначалници и совети во 80 општини и Градот Скопје. Советниците се избираат со пропорционална застапеност преку затворена листа кандидати. Местата се доделуваат со користење на Донтовата формула (d Hondt). Градоначалниците се избираат преку мнозински систем во два круга. Доколку ниеден од кандидатите за градоначалник не освои повеќе од 50 проценти од гласовите дадени во првиот круг, се одржува втор круг на 29 октомври. За првиот круг избори на градоначалници потребна е излезност од една третина од гласачите; во спротивно, за односната општина изборите се повторуваат. За вториот круг нема услов за излезност. V. ИЗБОРНА АДМИНИСТРАЦИЈА Локалните избори ги администрираат три нивоа на изборна администрација, што се состои од ДИК, 80 Општински изборни комисии и Изборната комисија за Град Скопје, како и 3,480 Избирачки одбори (ИО). Барањата за етнички и родов баланс во изборната администрација се изложени во ИЗ. 5 ДИК се состои од девет члена, од кои три се жени. 6 По закон, три члена на ДИК се непартиски и се избираат преку отворен конкурс. Останатите шест члена го отсликуваат политичкиот 3 4 5 6 Меѓу другите релевантни закони се и Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии, Кривичниот законик, Законот за јавни собири, Законот за спречување на корупција, Законот за управни спорови и законите поврзани со медиумите. Заедничкото мислење на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија од 2016 за Изборниот законик исто така заклучува дека многу од претходните препораки се исполнети, но сепак би било полезно целосно да се ревидира ИЗ со цел да се усогласи внатрешно, а и со другите релевантни закони. Ниту еден пол не смее да е застапен со помалку од 30 проценти во ниедна изборна комисија; во општините каде етничко малцинство има повеќе од 20 проценти (од населението) треба да се примени принципот на соодветна и правична застапеност. ДИК е поддржана од 34 регионални канцеларии и секретаријат што се состои од професионални државни службеници.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 4 состав на парламентот. 7 Петгодишниот мандат на непартиските членови е заштитен, додека оние номинирани од партиите, по измените и дополнувањата на ИЗ од 2017, мора да се сменат, за составот на ДИК да се усогласи со тековниот собраниски состав. Соодветно, на 22 септември член на Движењето БЕСА го замени дотогашниот член од Демократската партија на Албанците (ДПА). 8 Еден член на ДИК е под обвинение во случај на злоупотреба на службената должност на изборите во 2013. ОИК се состојат од пет члена, одбрани по случаен избор од редот на државните службеници на општинско ниво. ИО се состојат од двајца политички именувани и три непартиски членови. Изборот и именувањето на ИО сѐ уште не се финализирани поради неколку причини, вклучувајќи го и правото на избраните да ја одбијат должноста. 9 Тринаесет ОИК не ја исполнуваат родовата квота. 10 Општинските власти се одговорни за финансирање на изборите. Општините чии сметки се блокирани со судска одлука поради неплатени долгови ќе добијат финансирање од државниот буџет. Министерството за финансии веќе распредели 30 милиони денари за 17 вакви општини. 11 Некои ОИК пријавија до МНИ НА ОБСЕ/ОДИХР дека и покрај финансирањето немаат соодветни простории и материјали. 12 Според законот, од изборната администрација се бара нејзината работа да биде јавна, а ДИК мора да ги објави записниците од своите седници во рок од 48 часа по усвојувањето. Иако седниците на ДИК се отворени за набљудувачите и медиумите, некои досегашни одлуки се донесени на затворени седници, а набљудувачите не беа секогаш информирани однапред. 13 Исто така, некои прописи, одлуки и упатства не се објавени онлајн. Од ОИК не се бара да ги објавуваат записниците од седниците, но некои тоа го прават доброволно. Од јули до септември ДИК, во соработка со граѓанското општество, ја оценуваше пристапноста на избирачките места за лицата со хендикеп, што може да се провери онлајн. ДИК планира да подготви гласачки шаблони со Брајово писмо за секое избирачко место. ДИК планира да спроведе кампања за едукација и информирање на гласачите, но таа сѐ уште не е започната. VI. РЕГИСТРАЦИЈА НА ГЛАСАЧИТЕ Сите државјани со навршени 18 години старост имаат право да гласаат, освен оние на кои деловната способност им е одземена со судска одлука. Покрај ова, само лица со регистрирана адреса и валидна лична карта или биометриски пасош се вклучени во Избирачкиот список. ДИК го одржува избирачкиот список врз основа на податоците извлечени од регистрите на државјани и на жители. Четири пати годишно, таа го ажурира избирачкиот список врз основа 7 8 9 10 11 12 13 ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по два члена, како партии што имаат најмногу пратеници во парламентот, а по нив следат ДУИ и БЕСА со по еден член. Беше предвидено мандатот на членот на ДИК да истече во 2020; неговиот приговор за разрешувањето поднесен до Управниот суд и до Државната комисија за спречување на корупцијата беше отфрлен. На пример, ОИК Кочани треба да замени 40 членови на ИО. Одредени проблеми беа пријавени и во ОИК во Битола, Кичево, Куманово, Могила, Охрид, Струга, Струмица, Вевчани и Виница. Седум ОИК имаат помалку од 30 проценти женски членови, додека 6 имаат помалку од 30 проценти машки членови. Противвредност на 488,000 EUR. На пример, на ОИК Арачиново ѝ недостасува опрема; ОИК Гази Баба нема соодветен канцелариски простор. Најскорешниот записник на ДИК на нејзиниот веб-сајт е од 6 септември.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 5 на податоците обезбедени од различни државни органи. 14 Дополнително ажурирање се врши на денот по датумот на распишување на изборите. ДИК има право да врши инспекции по случаен избор, за да ја провери точноста. 15 За овие избори ДИК не презеде сеопфатна верификација на избирачкиот список. Јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори се одржа од 21 август до 9 септември. Во тек на овој период, над 220,000 гласачи ги проверија своите податоци, а 237 побараа исправки. 16 Како резултат на малиот број измени, некои од соговорниците на МНИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија растечка доверба во избирачкиот список, додека други и натаму изразија загриженост. На 16. септември, два дена по истекот на законскиот рок, партиите добија примерок од списоците. По верификацијата, пет партии побараа вклучување или бришење на вкупно 49 гласачи. Иако барањата за вклучување беа прифатени, оние за бришење беа отфрлени од ДИК, зашто ваквите промени потпаѓаат под надлежност на Министерството за внатрешни работи. На 25 септември, еден ден по истекот на законскиот рок, ДИК ги одобри конечните списоци што содржат 1,814,644 гласачи, вклучувајќи и 1,882 гласачи во казнените институции. ИС не дозволува гласачот да го смени избирачкото место, па оттука постои посебна одредба за членовите на избирачките комисии и за полицијата распоредена на должност на денот на изборите, што им овозможува да гласаат. Болните и немоќни гласачи кои ќе поднесат барање до ДИК најдоцна до 8 октомври, ќе можат да гласаат преку мобилна гласачка кутија на 14 октомври. VII. РЕГИСТРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ Секој носител на избирачко право кој живее во општината каде сака да се кандидира може да биде избиран, освен оние кои се во моментот во затвор или треба да отслужат затворска казна подолга од шест месеци. Партиите, коалициите и групите избирачи имаат право да номинираат кандидати за овие избори. Од последниве се бара да ја поддржат номинацијата со потписи на 0.2 до 4 проценти од лицата со право на глас кои живеат во односната општина. Потписите треба да се собираат пред претставник на ДИК во регионалните канцеларии на ДИК. Еден гласач може да се потпише како поддршка на повеќе од една листа. Регистрацијата на кандидати заврши на 14 септември, резултирајќи со 19 партии и коалиции и 65 групи избирачи, со вкупно 369 кандидатски листи. За градоначалничка функција ќе се натпреваруваат 258 кандидати, од кои 20 се независни. 17 Два различни политички ентитети, партија и коалиција, со истото име, Алијанса за Албанците, ќе се натпреваруваат еден против друг. Жалбата од коалицијата во врска со ова прашање беше одбиена. МНИ на ОБСЕ/ОДИХР е запознаена со петте отфрлања на кандидатски листи, сите обжалени и одбиени од Управниот суд (четири на затворени седници). Три од овие листи беа нерегистрирани од страна на ОИК затоа што во законски предвидениот рок не беше отворена наменска банкарска сметка. 14 15 16 17 Министерството за внатрешни работи ја информира ДИК за промените во регистрите на жители и личните документи. Основните судови даваат информации за лицата на кои им е одземена деловната способност. Според ДИК, вкупно 7,007 лица без регистрирана адреса и околу 600 со несигурна адреса не се на списоците. Вкупно 203,191 лица ги верификуваа своите податоци онлајн, а 21,594 го сторија тоа во регионалните канцеларии на ДИК. Имаше 133 барања за корекција на податоците, 65 додавања на списокот, 22 отстранувања поради смрт, а 10 од друга природа. Спротивно на ИЗ, ДИК одржа две жрепки за редоследот на гласачкото ливче; една за партиите и коалициите, а друга за групи избирачи. Вторите беа ставени на дното на листата.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 6 За да се зајакне родовата еднаквост, ИЗ бара кандидатските листи да содржат не помалку од 40 проценти од помалку застапениот пол. Од 258 кандидати за градоначалници, 16 се жени; 52 од 369 листи се предводени од жени. На 17 септември, по истекот на рокот за номинации, ДИК донесе измени и дополнувања на регулативата што детално пропишува како треба да се применува родовата квота. VIII. ИЗБОРНА КАМПАЊА Официјалната кампања почна на 25 септември и ќе заврши на полноќ на 13 октомври. 18 ИЗ сеопфатно го регулира водењето кампања и општо земено обезбедува терен за рамноправен изборен натпревар. Понатаму, законот се стреми да ги заштити гласачите од несоодветен притисок, а различни ограничувања се стремат да ја одржат раздвоеноста на државата и партијата, како и да спречат злоупотреба на административните ресурси. Локалните самоуправи играат важна улога во кампањата со одобрување простор за надворешно рекламирање. На 5. септември, владата усвои Декларација за слободни и фер избори, повикувајќи ги јавните и државните функционери да одбегнуваат измамнички активности и да го почитуваат правото на гласачите на слободен избор. На 19 септември, владата усвои неколку закони поврзани за финансиски и социјални прашања. На 24 септември во ДИК и ОИК, кандидатите за градоначалници потпишаа Кодекс на однесување, обврзувајќи се дека ќе го почитуваат законот. Опкружувањето пред почетокот на кампањата беше мирно, со неколку изолирани инциденти. 19 МНИ на ОБСЕ/ОДИХР воочи случаи на предвремено почнување на кампањите од страна на неколку партии. 20 Бројни соговорници на МНИ НА ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост околу потенцијалното купување гласови, заплашување и користење на владини ресурси за водењето кампања. Неодамна беа поднесени пријави против двајца актуелни градоначалници за злоупотреба на службената должност, вклучувајќи и дела поврзани со изборите. 21 Кампањата отпочна со свечени митинзи, каде партиските лидери ги презентираа своите кандидати, ги открија слоганите за кампањата и ги претставија платформите на политиките. Иако партиите водат кампањи на општински теми, платформите ги отсликуваат националните агенди. Од 25 септември натаму се појавија големи билборди во урбаните центри, претставувајќи ги првенствено кандидатите за градоначалници. Во некои градови партиите отворија привремени штабови. Кандидатите планираат да закупат рекламен простор на ТВ и во печатените медиуми и да ја зголемат поддршката за себе преку социјалните медиуми. IX. ФИНАНСИРАЊЕ НА КАМПАЊИТЕ Кампањите се финансираат со донации и членарини. Јавни, странски и анонимни донации се забранети. Донациите се ограничени на 3,000 EUR (поединци) и 30,000 EUR (правни лица), вклучувајќи и донации во натура. Расходите делумно се надоместуваат од локалната администрација, за листи што ќе освојат над 1.5 проценти од сите гласови дадени во 18 19 20 21 Водењето кампања пред официјалниот почеток подлежи на високи глоби. На 24 септември штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода и на 29 септември во Кавадарци беше вандализиран; и штабот на СДСМ во Бутел на 27 септември и на 24 септември во Аеродром беа оштетени, На 24 септември, МНИ на ОБСЕ/ОДИХР забележа митинзи во Скопје (ДУИ), во Струга (АА), во Велес (ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ) и во Тетово (БЕСА). Пријави се поднесени против градоначалникот на Штип, на 21 септември, и градоначалникот на Ново Село, на 26 септември.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 7 општината (0.24 EUR по глас). 22 Сите трансакции во кампањата треба да се администрираат преку наменска банкарска сметка. Лимитот за трошење во кампањата е 1.8 EUR по регистриран гласач во општината, по изборен круг. Државниот завод за ревизија (ДЗР) врши контрола и постапува по приговорите за финансирањето на кампањите. Тој треба да добие и да објави два периодични извештаи за финансирањето на кампањата од секој подносител на листа, но не е обврзан да изврши нивна ревизија. 23 Само завршните извештаи што учесниците мораат да ги поднесат најдоцна до четири месеци по изборите се предмет на ревизија. ДЗР ја информираше МНИ на ОБСЕ/ОДИХР дека не секогаш врши ревизија на сите пристигнати извештаи. Меѓу санкциите за прекршувањата се и неисплаќање на надоместокот и строги кривични санкции, зависно од прекршувањето. На 1 септември, Министерството за финансии издаде нов образец за известување што бара сеопфатни информации за сите донатори, како и, согласно со претходните препораки на ОБСЕ/ОДИХР, подробно расчленети донации и расходи. Тековниот образец нема расходи расчленети по општина. Регионалните партиски ограноци ја информираа МНИ на ОБСЕ/ОДИХР дека кампањите ќе се финансираат главно со средства прибрани локално; парламентарните партии исто така планираат централизирана распределба на средства и стоки за кампањата. Помалите партии и независните кандидати се пожалија на МНИ на ОБСЕ/ОДИХР околу недоволното финансирање. X. МЕДИУМИ Голем број медиумски куќи, поделени долж политичките линии, делуваат на мал рекламен пазар. Телевизијата е главен извор на информации; тиражот на весниците е доста низок, додека растечката пенетрација на Интернет доведе до значително развивање на новински сајтови (онлајн). На 19. септември, Собранието ја укина радиодифузната такса за финансирање на јавниот радиодифузер Македонската радиотелевизија (МРТ), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и Македонската радиодифузија (МРД). Од 1. октомври, овие институции ќе се финансираат само од државниот буџет. Соговорниците на МНИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост дека ваквото ограничување на финансирањето може да ја попречи ААВМУ и дополнително да ја ослабне МРТ како јавен радиодифузер, поради можното политичко влијание/мешање. 24 Уставот гарантира слобода на изразувањето и забранува цензура. ИЗ бара сите медиумски куќи да ги покриваат изборите на фер, балансиран и непристрасен начин, вклучително и на нивните веб-сајтови. Од МРТ се бара да обезбеди бесплатен медиумски простор за учесниците во изборниот натпревар, во ударните термини. 25 Нема да има жрепка за распоред на термините; редоследот ќе се определи врз основа на барањата поднесени од кандидатите. Новинарското 22 23 24 25 Износите во ИЗ се пропишани во евра. 1 EUR има противвредност од 61 денар. Извештаите ќе се објавуваат на веб-сајтовите на ДЗР, ДИК, ДКСК и на политичките субјекти. МТВ, ААВМУ и МРД ќе добијат вкупно 0.5 проценти од државниот буџет за 2018 година; 75 проценти од овој износ ќе бидат посветени на МТВ. Соговорниците на ОБСЕ/ОДИХР EOM веруваат дека се неопходни не помалку од еден процент. Кандидатите за градоначалници имаат право на пет минути, а секој од носителите на кандидатските листи има право на по три минути.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 8 покривање на изборите од страна на МРТ е строго регулирано, како и поставувањето платени реклами во комерцијалните медиуми. 26 Почитувањето на законските барања од страна на медиумите го мери ААВМУ. ААВМУ може да примени и санкции во случај на прекршувања и да го проследи случајот до надлежниот суд. Од 7. август, АВМУ врши систематско следење на медиумите и ги објавува резултатите на својот веб-сајт секои 10 дена. Досега, ААВМУ забележува дека главните медиумски куќи обезбедуваат побалансирано покривање отколку на претходните избори. Неколку национални медиумски куќи активно организираат дебати меѓу кандидатите за градоначалници во нивните општини. Живи дискусии меѓу кандидатите и поддржувачите се одвиваат на социјалните медиуми. На 21. септември, МНИ на ОБСЕ/ОДИХР го отпочна својот квантитативен и квалитативен мониторинг на медиумите на материјалите поврзани со изборите на шест главни телевизиски канали и четири дневни весници. 27 XI. ПРИГОВОРИ И ЖАЛБИ ДИК, независните управни тела и судови се одговорни за постапување по предметите поврзани со изборите. 28 Извесен број соговорници на МНИ НА ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост околу наводниот недостиг на непристрасност на ДИК и судовите што постапуваат по политички чувствителни предмети. Партиите можат да ги обжалат одлуките на ОИК за отфрлање на кандидатските листи пред Управниот суд; сепак, другите одлуки и постапки на ОИК не се предмет на ревизија од страна на ДИК или судовите. Гласачите можат да поднесат приговори до ДИК само во врска со избирачките списоци и прекршувањето на нивното право да гласаат. Политичките субјекти можат да ги оспорат само избирачките списоци, нерегуларностите во гласањето и пребројувањето. 29 Додека одлуките на ДИК за поплаките и поништувањето на резултатите се предмет на РЕВИЗИЈА од Управниот суд, другите административни одлуки и постапки не се предмет на судска ревизија. 30 Приговорите за прекршувања во кампањата не се под мандатот на ДИК и се сметаат за кривични или граѓански прашања. Споровите што се однесуваат на постапувањето на владата и јавните органи што ги кршат одредбите насочени кон разделување на државата и партијата и спречување на користењето јавни ресурси за кампања се под надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). ДКСК има примено околу 15 приговори 26 27 28 29 30 МТВ треба да посвети по 30 проценти од својата дневна информативна програма на активности од кампањата на партиите од власта и од опозицијата, и 10 проценти вкупно за вонпарламентарните партии. Платеното рекламирање е дозволено само на комерцијалните медиуми; партиите може да купат до осум минути по час; додека другите до една минута по час. Меѓу нив се МТВ-1, МТВ-2, Сител, Канал 5, Телма, Алсат-M; весниците Нова Македонија, Слободен печат, Вечер и Коха. Законот пропишува должност за ОИК да донесуваат одлуки по приговори, но не дефинира ниеден конкретен тип приговори под нивна надлежност; ДИК ја информираат МНИ на ОБСЕ/ОДИХР дека во пракса ОИК не постапуваат по приговори. На 21 јули ДИК ја измени процедурата за приговори за да пропише дека приговорите за денот на изборите нема да се разгледуваат мериторно доколку неправилноста не е забележана во протоколот на избирачкото место, или поднесени до ОИК во рок од пет часа по затворање на протоколот. Единствен исклучок е дека одлуките на ДИК што влијаат на малцинските интереси можат да се обжалат.

Набљудувачка мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР Страна: 9 против јавни органи за раскинување на работниот однос на јавни функционери во предизборието 31 XII. УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА Меѓуетничките односи играат улога во изборите, особено на локално ниво. Прашањата поврзани со односите меѓу заедниците, како што се нацрт-законот за употреба на јазиците, фигурираат во кампањата заедно со специфичните локални прашања. Кандидатите на листите главно го отсликуваат етничкиот состав на општината. Сепак, во неколку случаи кандидатите се стремат да освојат гласови и преку етничките линии. Во општините со етничко албанско мнозинство (мнозинство етнички Албанци), неколку етнички албански партии што се дел од владата се натпреваруваат меѓу себе (една против друга). 32 Партиите што ги претставуваат помалите етнички заедници имаат истакнато кандидати за градоначалници само во неколку случаи кога ваквите етнички групи се концентрирани во една општина, како што се етничките Турци во Центар Жупа или Ромите во Шуто Оризари. На други места, тие поднесуваат листи кандидати за општинските совети. Партиите од помалите заедници се пожалија на ОБСЕ/ОДИХР МНИ дека немаат член во ДИК и дека се недоволно застапени во локалната изборна администрација. XIII. ГРАЃАНСКИ И МЕЃУНАРОДНИ НАБЉУДУВАЧИ ИЗ предвидува граѓанските и меѓународните набљудувачи да имаат пристап кон сите фази од изборниот процес. ДИК досега акредитираше четири граѓански организации како посматрачи, што ќе ја проценуваат работата на изборната администрација и ќе распоредат значителен број набљудувачи на денот на изборите. 33 Учесниците во изборниот натпревар исто така можат да акредитираат свои претставници. За разлика од граѓанските набљудувачи, партиските набљудувачи можат да поднесуваат приговори во сите фази од изборниот процес. XIV. АКТИВНОСТИ НА МНИ НА ОБСЕ/ОДИХР МНИ на ОБСЕ/ОДИХР ја започна својата работа на 13 септември, и се состана со Претседателот, Премиерот, ДИК, други државни органи, како и претставници на политичките партии, медиумите, граѓанското општество, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со меѓународната заедница. МНИ на ОБСЕ/ОДИХР оствари контакти со учесниците на изборите на сите нивоа. Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа има намера да распореди делегација за набљудување на денот на изборите. Англиската верзија на овој извештај е единствениот официјален документ. Достапен е неофицијален превод на македонски и на албански јазик. 31 32 33 Беа потврдени два случаи; за неколку беа потребни дополнителни истраги. На 15 август, ДКСК издаде мислење дека разрешувањето на Јавниот обвинител на РМ би го прекршило ИЗ. Јавниот обвинител на РМ беше разрешен. На пример, во Гостивар, каде Министерот за здравство од АА се натпреварува против актуелниот градоначалник од ДУИ и во Струга, каде градоначалникот од АА ќе го предизвика кандидатот од ДУИ кој е и поранешен градоначалник. МОСТ планира да распореди околу 3000, додека ЦИВИЛ се стреми да има околу 100 набљудувачи на денот на изборите. Исто така, Македонскиот центар за култура и развој како и Центарот за институционална соработка имаат акредитирани набљудувачи.